RPG играта Solasta: Crown of the Magister се вдоми и во PS5!


Tactical Adventures е француското инди студио кое е задолжено за одличната тактичка RPG игра од изометрична перспектива – Solasta: Crown of the Magister. Основната игра излезе во мај 2021 година и за брзо време успеја да ги импресионира гејмерите со (релативно) впечатлива приказна и бројните одлуки кои ги донесувате. Покрај ова, на многумина им се допаднаа разноликите места за истражување и длабоките гјемплеј механики.

Охрабрени од 88% позитивни рецензии на Steam, студиото неуморно исфрлаше додатоци за играта. Подоцна почна со ефикасна кампања за префрлување на играта на конзолите. Како комплетна едиција, Solasta: Lightbringers Edition излезе за конзолата на Microsoft во мај 2023 година. Овој месец, меѓутоа, играта излезе и за конзолата на Sony, попрецизно за PS5. На кратко, би сакале да ги споделиме нашите впечатоци за комплетната едиција. Но, првин, трејлерот!

D&D блаженство!

Од секој можен аспект, Solasta: Crown of the Magister се одликува со огромна длабочина која сведочи за неуморна посветеност на развојното студио. Прво нешто што морате да направите е тим од четворица херои. Доколку решите вие лично да ги правите сите четворица, сметајте дека ќе изгубите најмалку еден час. Запрепастувачки е колку многу се посветува многу внимание и најситните детали; од начинот на кој изгледа ликот, па сѐ до личното минато, внатрешни мотивации и ред други работи.

Ваквата мазохистичка посвета на детали се одгледа и во начинот на кој се осмислени D&D 5e правилата, дизајнирањето на околините, како и бројните механики поврзани со тактичките битки. Она што сакаме да кажеме е дека, доколку сте фанови на Divinity Original Sin и Baldur’s Gate 3, тогаш Solasta: Crown of the Magister треба да биде вашата трета задолжителна лектира. Да, приказната и глумата можеби не се на исто ниво како насловите на Larian, но тактичките битки и истражувањето се на исклучително високо место.

Додатоци за Solasta: Crown of the Magister:

Како што напоменавме, Solasta – Lightbringers Edition ја содржи оригиналната игра заедно со 12-те нивоа од кои се содржи четириесет-часовната кампања. Но, крајот на таа кампања е само почеток на нова авантура која продолжува преку содржилните додатоци.

Solasta – Lightbringers Edition е една од подобрите RPG игри. Во поглед на тактизирање и епски битки може комотно да стои раме-до-раме со најдобрите игри од овој жанр. Играта е одлично оптимизирана за PS5, со стабилни 60 фрејмови во секунда, а бројните комплексни операции се одлично вклопени за активирање преку контролерот. Така да, доколку барате дружење со солидна RPG игра пред големите екрани, Solasta е одличен избор!

Повеќе детали за играта

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk