Chickenhare and the Treasure of Spiking-Beard: Авантура што ги спојува световите

во гејминг

Развиена од белгиското студио N-Zone, Chickenhare and the Treasure of Spiking-Beard е амбициознa акциона авантура со елементи на платформа и загатки. Доколку сте фанови на универзумот, тогаш светот ќе ви биде особено познат. Разликата е во тоа што овде и овојпат имате на располагање целосно нова приказна и механики кои се дизајнирани да ги ангажираат и младите играчи и нивните родители. Поради тоа, доколку барате забавна семејна игра, Chickenhare and the Treasure of Spiking-Beard ќе ве зграпчи и ќе ве одведе на епско патување низ кралството на Featherbeard.

Приказната во Chickenhare and the Treasure of Spiking-Beard се фокусира на потрагата по седум мистични кристали, кои се клучни за одржување на мирот во кралството. Главниот протагонист е Chickenhare, храбар и агилен лик кој е половина кокошка, а половина зајак. Неговата уникатна способност да ги користи ушите за да лебди низ воздухот му овозможува да стигне до недостапни места и да избегне опасни препреки.

Но, во оние ситуации кога Chickenhare ќе наиде на ќорсокак, ќе можете да побарате помош од неговите придружници. Па така, Abe е претпазлива желка чиј оклоп служи како моќна алатка за уништување на кршливи структури. Третиот член на тимот, пак, е Meg. Како мајстор по боречки вештини, таа се одликува со кробатски скокови и удари кои се од суштинско значење за борба против непријатели, а и за достигнување на високи платформи. Оваа динамична тројка, која исто така може да користи и повеќе-наменски камшик, формира тим каде што вештините на секој член се надополнуваат, создавајќи основа за стратешки пристап кон бројните предизвици.

Како што можеби и самите очекувате, гејмплејот е изграден врз темелите на класичните 3D-платформери, но со модерен пресврт. Слично на Trine игрите, можете да ги менувате ликовите во реално време. Благодарение на ова, наидувате на креативни начини за ешавање на загатките и напредување низ нивоата бидејќи, како што напоменавме, секој од ликовите има способности кои се уникатни за нив, принудувајќи ве да размислувате кој би можел да е најсоодветен за одредена ситуација. Паралелно со ова, светот е исполнет со интерактивни елементи како лизгалки, зиплајнови и објекти што може да се фатат со камшикот, додавајќи дополнителни можности за кретивно напредување. Тука е, секако, и борбата каде, слично и при напредувањето, се користат уникатните борбени способности на ликовите за ефикасно справување со ордите непријатели.

Од визуелна гледна точка, имате на располагање стил кој е верен на анимираните филмови, со живописна палета на бои, рачно изработени околини и флуидно анимации. Бројните нивоа се дизајнирани со посебно внимание на деталите, скриени патеки, тајни и колекционерски предмети.

Еден од најиновативните аспекти на Chickenhare and the Treasure of Spiking-Beard е обидот да ја надмине дигиталната бариера. Имено, играта вклучува уникатна механика за лов на богатство, каде што решавањето на мистерии во играта ви дава траги за вистински лов на богатство во реалниот свет. Овој елемент додава сосема нова димензија на искуството и поттикнува ангажман надвор од екранот иако, рака на срце, далеку сме ние од таквото вистинско богатство кое е резервирано за помала група среќници.

Со оглед на тоа дека се работи за семејна игра, тимот се има погрижено да ја дизајнира да биде пристапна за сите видови играчи. Контролите се интуитивни, а приказната е исполнета со невин хумор, што ја прави привлечна за помладата публика. Сепак, под оваа пристапна површина се кријат слоевити предизвици, паметно дизајнирани загатки и возбудливи битки кои ќе ги задоволат и поискусните.

Chickenhare and the Treasure of Spiking-Beard е внимателно изработена авантура која го почитува изворниот материјал, нудејќи, притоа, и нешто ново. Доколку навлезете во играта, ќе наидете на брилијантна механика за тимска работа и постојаната потреба за стратешко менување на ликовите, при што се издигнува гејмплејот и се претвора секое ниво во серија на интересни загатки. Chickenhare and the Treasure of Spiking-Beard е редок пример за семејна игра која не ја поедноставува содржината, туку нуди длабочина и предизвик завиткани во шармантна и пристапна форма. Преку комбинација на истражување, решавање загатки и акција, добивате авантура која ем е забавна ем е пријатна за гледање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk