0 коментари 3 мин. читање 27 февруари, 2022

Софтвер со помош на машинско учење следи политичари кои зјапаат во мобилен

The Flemish Scrollers“ е проект на Дриес Депортер кој следи и покажува кога некој од претставниците на владата во Белгија на седница ќе престанат да ги следат настаните во салата и ќе започнат да гледаат во својот телефон.

Со помош на машинско учење се препознава ликот на политичарот и неговата активност. Ако во некој момент политичарот започне да гледа во телефонот софтверот праќа кратко видео на Twitter и Instagram профилот со таг на политичарот. Она што е фер да се истакне е дека софтверот не може да забележи што прави политичарот и дали всушност го користи мобилниот за продуктивна цел на дискусијата. Секако првата претпоставка е дека не ја следи расправата, но постои можноста и политичарите да фаќаат белешки или пребаруваат некој изнесен податок.

Анализата се прави на YouTube видеа кои во живо кои се стримаат на YouTube каналот Vlaams Parlement. Вештачка интелигенција го препознава ликот на  политичарите на снимките, а софтверот ги бара и проценува дали гледаат во телефоните. Ако забележи поглед кон телефонот софтверот креира кусо видео од неколку секунди во кое е содржан погледот кон телефонот. Потоа ова видео се „спојува“ со тагот на политичарот на друштвените мрежи. Софтверот е креиран во Python, а целиот проект е активен од 5 јули 2021 година. Како последица на користењето на софтверот, Депортер смета дека е намалено користењето на телефони на седниците.

„Досега има само негативни реакции од најголем дел на политичарите. Но мислам дека ги користат телефоните помалку“.

Дриес Депортер е белгиски дигитален уметник кој обработува теми како приватност, вештачка интелигенција, следење и друштвени мрежи. Она што можеби е поинтересно овој проект не започна како алатка за попродуктивна работа на претставниците на владата. Алатката требаше да покаже како технологии како вештачка интелигенција, препознавање на ликови и камери за следење се нарушување на приватноста.

Македонија и македонските пратеници не се разликуваат од своите колеги. Во текот на седниците често може да се забележи како пратениците се зафатени со своите уреди, па понекогаш дури и ќе задремат на седниците. Секако ова не важи за сите пратеници, но општиот впечаток е дека пратениците можат и мораат подобро да ги решаваат проблемите на граѓаните, а ако некој сака да ја следи активноста на мобилен кај пратениците, може да се инспирира од проектот на Дриес.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top