Morgan: Metal Detective – Потрага по спокој и скриени приказни

Morgan: Metal Detective e дебитантскиот наслов на лондонското Studio Morgan. Во светот на инди игрите, играта се залага да биде уникатен бисер, поставувајќи се како игра што ја слави тишината, истражувањето и човечката поврзаност. Оваа авантура од прво лице нè води на фиктивниот корнски остров Глазден, нудејќи релаксирачко патување кое е истовремено и емотивна приказна за растењето и семејното наследство.

Мистерија обвиткана во топлина

Приказната ја следи Морган, млада девојка која, по смртта на својот дедо, го посетува островот каде што тој го поминал животот. Таму го наследува неговиот стар метален детектор, кој станува нејзин клуч за откривање не само на скриени предмети, туку и на заборавените приказни на жителите на Глазден. Наративната структура е вешто исплетена околу мисијата за пронаоѓање на изгубените предмети на островјаните. Секоја успешно завршена потрага не е само обичен квест, туку чекор поблиску до разоткривање на централната мистерија на островот, тесно поврзана со легендите што нејзиниот дедо ѝ ги раскажувал. Атмосферата е намерно дизајнирана да биде релаксирачка и да создава чувство на сигурност и спокој, нудејќи виртуелно засолниште каде што можете да напредувате со сопствено темпо, без притисок или стрес.

Релаксација преку ангажман

Во играта имате за задача да го истражувате светот, да стапувате во интеракција со бројните ликови и, секако, да користите метален детектор. Процесот при користење на детекторот е интуитивен, но бара внимателно слушање и набљудување на околината. За разлика од многу игри со сличен концепт, квестовите не се сведуваат на слепо пребарување. Секој жител дава суптилни индиции за локацијата на изгубениот предмет, што ве поттикнува на логичко размислување и истражување.

Враќањето на значајни предмети резултира со добивање на уникатни касети со музика, кои потоа може да се слушаат преку вокменот на Морган. Ова создава прекрасен циклус каде што музиката станува составен дел од истражувачкото искуство. Дури и пронајдениот отпад има вредност – може да се замени за кредити во локалната продавница. Овие кредити се користат за купување филм за инстант камерата и налепници, со кои можете креативно да го уредувате вашиот дигитален дневник. Оваа механика за персонализација додава уште еден слој на длабочина, овозможувајќи ви да создавате уникатен визуелен запис од вашата авантура.

Идиличен свет што дише

Визуелно, Morgan: Metal Detective е стилски минималистичка, но исклучително ефектна. Рачно изработениот 3D свет на островот Глазден е надополнет со живописни 2D илустрации кои го отсликуваат светот низ љубопитните очи на Морган. Палетата на бои е топла и пријатна, а пејзажите се дизајнирани да разбудат во вас неодолива желба за истражување.

Оригиналниот музичка саундтак е, исто така, за пофалба, создавајќо совршена позадина за мирната атмосфера. Звучните ефекти, од шумот на морето до пискањето на детекторот, се едноставни, но со богата изведба. Како такви, звуците ефикасно допринесуваат за целосна имерзија во светот. Врвот на аудио продукцијата е гласовната глума, предводена од талентираната Шарлот МекБурни (позната по улогата на Амисија во A Plague Tale). Нејзината изведба ѝ дава на Морган автентичност и емоционална тежина, претворајќи ја од обичен аватар во лик со кој играчите лесно можат да се поврзат.

Morgan: Metal Detective е одличен додаток во cozy одделот. Доколку и пружите шанса, играта ќе ги отвори потрите кон едно ангажирачко искуство кое сепак не мора да биде ниту напнато ниту компетитивно. Со срдечна приказна, паметно дизајнирани механики и беспрекорна аудиовизуелна презентација, играта нуди ретко чувство на мир кое ќе биде ценето од публиката која бара такво нешто.Она што сакаме да кажеме е дека: доколку сакате да одморите од секојдневието и да се изгубите во еден прекрасен, идиличен свет полн со мали тајни и големо срце, Morgan е вашата идеална дигитална дестинација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk