1 коментар 2 мин. читање 6 декември, 2022

Вклучување блиц со свиркање, со Flashlight by whistle

Flashlight by whistle е интересна апликација која го вклучува блицот од вашиот телефон секојпат кога ќе свирнете. Ова знае да биде корисно во ситуации кога се наоѓате во темен простор, но не сте во можност да користите прсти или пак сакате побрзо да вклучите блиц. Исто така, во ситуации кога не можете да си го најдете телефонот, со свиркање би можеле да ја откриете локацијата на телефонот.

Нешто на што треба особено да внимавате доколку сакате да ја користите оваа апликација се дозволите кои треба да ги дадете. Имено, Flashlight by whistle бара постојан пристап и до камерата и до микрофонот. Микрофот е вклучен постојано за да детектира свиркање, а камерата мора да е вклучена за да може да се активира блицот. Како резултат на ова, би можеле да се загрижите и за вашата приватност и за вашата батерија која, подразбирливо, побрзо би се потрошила. За среќа, може да наместите, апликацијата да не е активна кога активно го користите телефонот.

За оние кои не се по свиркање, Flashlight by whistle дозволува активирање блиц и секојпат кога ќе регистрира одреден звучен тон.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Pane24
Pane24
3 years ago

Кога видов колку реклами има ми се одмиле и свиркање и апликацииве.

Мени
Заедница
Изглед
To top