Outlaws + Handful of Missions: Remaster: достојна верзија за сите гејмерски ветерани

во гејминг

Реставрацијата на класичните наслови, кога се цели да се направи квалитетно, не е ништo повеќе од уметност која бара прецизен баланс помеѓу зачувувањето на оригиналниот дух и имплементацијата на модерните стандарди. Nightdive Studios, студиото кое одамна се има докажано со бројни ревитализации, повторно се нафаќа на слична задача, овојпат со култниот класик од 1997 година, Outlaws.

Приказната, која многумина ја сметаат за една од најдобрите наративи во жанрот на FPS од 90-тите, го следи пензионираниот маршал Џејмс Андерсон, чиј мирен живот е брутално прекинат кога банда криминалци ја убива неговата сопруга и ја киднапира неговата ќерка Сара, принудувајќи го да се врати на стариот, брутален живот низ Дивиот Запад. Меѓусеквенците се мајсторски изведени, нудејќи феноменално кинематографско искуство инспирирано од вестерн филмовите на Серџо Леоне.

Ремастерот ја враќа оваа трогателна приказна пред новата публика, интегрирајќи ја и експанзијата Handful of Missions. Проширувањето додава значителна содржина која ги проширува авантурите на Андерсон надвор од основната кампања, нудејќи дополнителни предизвици кои никако нема да ве остават рамнодушни, особено доколку уживавте во основната игра.

На времето, Outlaws се одликуваше со бројни иновации кои беа револуционерни. Римастерот верно ги пренесува сите работи што ја правеа оригиналната игра прекрасна, дозволувајќи ви одново да го искусите системот за мануелно полнење на оружјето и да го менаџирате секој куршум.

Арсеналот е автентичен за периодот и вклучува разни ооружја кои се идеални за блиска борба во тесните ходници на старите рудници, кањони и прашливи градови. Покрај оружјето, константно морате да се снаоѓате низ комплексни, лавиринтски нивоа кои се заштитен знак на тогашниот дизајн на нивоа. За успешна навигација, ќе барате клучеви и ќе решавате просторни загатки. Имајте во предвид дека се работи за old-school навигација. Поради тоа, би можеле да се најдете во ситуација да бидете исфрустрирани трудејќи се да ги учите мапите на памет и да лутате лево-десно.

Од друга страна, додавањето на модерна поддршка за контролери, вклучувајќи rumble вибрации и жироскопско нишанење, заедно со новото тркало за брз избор на оружје, значително ја подобрува пристапноста и флуидноста на контролите. Она што сакаме да кажеме е дека играта нема да ве разочара доколку сакате да наидете на пријатно искуство без да се жртвува тежината и предизвикот кој го носи оригиналниот наслов.

Подразбирливо, Outlaws + Handful of Missions изгледа и звучи значително поубаво и поквалитетно. Студиото има користено напредни техники за да ја осовременат играта за 4K екрани со поддршка до 120FPS, што резултира со исклучително флуидно движење кое е клучно за брзата акција.

Наместо целосно да ги заменат старите текстури со нови, кои би можеле да го нарушат оригиналниот шарм, тимот се одлучи за внимателна реконструкција и полирање на оригиналните уметнички дела и спрајтови, додавајќи полни палети на бои и подобрено осветлување кое ги истакнува деталите на околината.

Еден од најважните елементи на ова издание се анимираните сцени, кои сега се презентирани во висока резолуција и без компресијата која беше карактеристична за 90-тите, дозволувајќи ѝ на рачно цртаната анимација вистински да блесне и да ја пренесе приказната со потребната емоционална тежина.

Звукот, исто така, заслужува посебно внимание, бидејќи легендарната музичка подлога на Клинт Баџакијан, која потсетува на делата на Енио Мориконе, е зачувана во својот полн сјај, придружена со подобрени звучни ефекти на истрели и амбиентални звуци кои ве транспортираат директно во суровиот амбиент на Дивиот Запад. На располгање го имате и Vault – ризница од материјали зад сцената кои ја документираат историјата и развојот на овој класик.

Мултиплеер компонентата сега е оживеана преку Cross-Play функционалност, овозможувајќи ви да се натпреваруваат едни против други во носталгични, но сепак забавни режими на игра, независно од платформата. Покрај стандардните Deathmatch и Team Play, како и стратешкиот Capture the Flag, играта го враќа и хумористичниот и уникатен режим Kill The Fool With The Chicken, додавајќи доза на апсурд и забава типична за LucasArts игрите од тој период. Овие режими нудат чиста и некомплицирана забава која се фокусира на вештината на играчот и познавањето на мапите, наместо на комплексни системи на прогресија.

Outlaws + Handful of Missions: Remaster е како љубовно писмо до една помината ера на гејмингот; иако некои елементи од дизајнот на нивоата и вештачката интелигенција може да делуваат застарено за модерната публика, техничката изведба, незаборавната музика и стилската презентација го прават ова издание задолжително за сите гејмерски ветерани како и љубители на ретро пукачките игри кои сакаат да искусат еден од најдобрите шутери на 90-тите. Сега, сево ова е достапно во неговата најдобра можна форма.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments