Не отворајте сомнителни линкови од Google Docs

Во моментов е активна можеби најголемата фишинг измама на Google сервисите. Голем број на корисници на овие сервиси од некои од контактите истовремено добија слична порака. Вообичаено заштита на Gmail е одлична и овие пораки одат во спам, но овој пат тоа не е случај.

Ако корисникот го отвори линкот ќе биде пренесен на страница која е хостирана на Google. Од корисникот се бара да отвори Google Docs апликација која е лажна. Она што е интересно е што на хакерите им успеало да именуваат апликација Google Docs. По преземањето на апликацијaта и дозволата, апликацијaта има пристап до контактите и поштата. Секако лажната Google Docs апликација веднаш започнува да испраќа пораки до сите контакти. Google Docs ја објави веста на својот Twitter профил.

Единствен начин за да биде откриена измамата е доколку корисникот забележи дека Google Docs апликацијата не е развиена од Google, вели TechCrunch. Google веќе ги известува корисниците кои ја добиваат пораката за можните опасности, иако барем засега е нејасно дали пропустот е отстранет во целост.

Ако веќе сте го отвориле линкот, нема простор за паника. Еве што треба да направите:

  • Отворете ги опциите на google-профилот;
  • Повлечете ги сите дозволи од Google Docs апликацијата;
  • Променете ја лозинката;
  • Вклучете двојна автентикација;
  • Извинете им се на пријателите за spam-пораките.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments