Апликацијата Strava ги споделува податоците на војниците кои вежбаат. Благодарение на алатките за визуелизација, војската постојано ги споделува своите локации за време на тренинзите.
Пропустот не е нов, туку сега го објави Нејтан Русер. Студентот размислувал и му текнало дека има голем број на војници во базата, и дека следење и споделувањето на нините податоци не е безбедно.
Поради постојаното и често вежбање на исти локации, „heat map“ локациите покажуваат почесто и поактивно вежбање на одредени локации. Поради ова, секој кој ќе ги погледне резултатите може да заклучи каде вежба војската. Strava го призна пропустот и објави дека војската треба да ја исклучи оваа функционалност.
Дополнително, мапите се доволно детални за од нив да може да се заклучи кој војник е на активна должност.
„Ако војниците ја користат апликацијата како обичните корисници, без да го исклучат следењето кога вежбаат, може да биде многу опасно“, вели Нејтан Русер, аналитичар од Institute for United Conflict Analysts.
Со овие мапи може да се лоцираат и базите и инфраструктурата на базите. Воените кампови се скриени на мапите, но оваа технологија ги открива.
Како работи Strava?
Strava преку паметните телефони ја собира локацијата преку GPS координатите. Корисниците потоа може да ги следат своите рути и форма со апликацијата.
Heatmap ги собира овие податоци од сите корисници и креира мапа во зони во кои корисниците се движат почесто. Последната верзија е направена на база на 27 милијарди изодени и истрчани километри.
Најдобро се „осветлени“ базите на САД, но и руските и турските бази кои се искористени како пример, се доволно „осветлени“ за да може да се лоцира базата и инфраструктурата во истата.
Strava released their global heatmap. 13 trillion GPS points from their users (turning off data sharing is an option). https://t.co/hA6jcxfBQI … It looks very pretty, but not amazing for Op-Sec. US Bases are clearly identifiable and mappable pic.twitter.com/rBgGnOzasq
— Nathan Ruser (@Nrg8000) January 27, 2018