Што е ИТ маркет?

ИТ маркет е услуга на IT.mk преку која ви препорачуваме производи достапни на нашиот пазар.

Изборот на производи е на редакцијата на IT.mk и на IT.mk заедницата која препорачува производи преку форумот (во посочената тема), преку друштвените медиуми како Twitter, Facebook и Instagram (во приватни пораки или со хаштагот #ИТмаркет) или пак преку испраќање на препорака на е-маил.

Идејата со ИТ маркет е да ги препознае производите кои нудат добар квалитет, дизајн и перформанси и имаат соодветна цена за понуденото.

Дополнително, преку оваа услуга, IT.mk сака да ги поттикне и промовира македонските увозници и дистрибутери на хардвер и софтвер секогаш да го доставуваат најновото и најдоброто на потрошувачите.

Еден од главните услови за додавање на производ во ИТ Маркет е да биде достапен на локалниот пазар, директно преку продажно место, локален дистрибутер или онлајн нарачка.

Спонзорираните објави се соодветно означени. Доколку сте заинтересирани за спонзорирана објава на вашите производи, посетете ја нашата Маркетинг секција.

Беџ “Препорачано од IT.mk”

За сите производи кои се прикажани во ИТ маркет и не се спонзорирани, продавачите, производителите, увозниците и дистрибутерите слободно можат да го искористат “Препорачано од IT.mk” беџот и истиот да го истакнат до производот во дигитална или печатена форма.

Идејата зад “Препорачано од IT.mk” беџот е да стане симбол кој ќе им олесни на потрошувачите при правење на подобар избор при купување на ИТ производи. Од таа причина, спонзорираните објави се исклучени од можноста да го прикажат “Препорачано од IT.mk” беџот.

Преземање на “Препорачано од IT.mk” беџ

  • PDF формат
  • PNG формат
  • JPG формат
  • TIFF формат

Напомена: Беџот може да се искористи и во реклами (банери, на друштвени медиуми, видео, печатени…), на пакување на самиот производот, истакнати до производот или на полицата каде што производот се наоѓа (притоа јасно наговестувајќи за кој производ се однесува беџот) но истиот важи само за производи објавени на it.mk/market кои не се спонзорирани. Доколку “Препорачано од IT.mk” беџот или логото на IT.mk се злоупотреби или не се користи соодветно на правилата објавени на IT.mk, ќе бидат преземени соодветни правни мерки и јавно ќе биде објавена злоупотребата.