Рекордна заработка, и недостапен ChatGPT


OpenAI објави дека заработилe 10 милијарди долари минатата година. Ова секако е причина за задоволство за вработените во компанијата и за нејзините инвеститори. За жал она што следеше следниот ден, на 10 јуни, нема да ги израдува. Популарниот сервис ChatGPT долго време остана недостапен за корисниците. Еден дел имаа потешкотии да го користат, но за други беше целосно недостапен.

Импресивен раст на заработката

Прекинот во работата секако е непријатен, но нема во целост да го наруши славјето во OpenAI. Причина за ова огромниот раст на заработка, од 5,5 на 10 милијарди долари. Ова можеби и не е изненадување со оглед на тоа дека компанијата има 500 активни милиони корисници неделно и 3 милиони претплатници. За 2029 година целта на OpenAI е заработка од 125 милијарди долари, пишува TechCrunch.

Иако заработката и нејзиниот раст се големи OpenAI не е без притисок. Компанијата троши многу пари. Дел од нив се за ангажирање на нови талентирани истражувачи, но голем дел оди и за пронаоѓање и изградба на инфраструктура која е потребна за работа.

Токму инфраструктурата на OpenAI беше на тест (не го положи) на 10 јуни.

ChatGPT и „Нешто тргна наопаку“

Ако сте жртва на проблемите на ChatGPT веројатно веднаш ја препознавте пораката. ChatGPT „поздрави“ голем дел од своите корисници со оваа порака и со недостпност. Проблемите ги потврди и официјалната страница на OpenAI. Со пречките беа зафатени повеќе региони, а проблемот на крај беше глобален. Покрај глобалната природа на проблемот, тој беше присутен на сите платформи од ChatGPT, до Sora, па дури и на OpenAI APIs.

OpenAI оттогаш ја ажурираше својата страница за статус со консолидирана порака: „Го идентификувавме основниот проблем што предизвикува зголемени грешки и латенција на наведените услуги. Работиме на имплементација на решение.“

Иако некои корисници успеаја да пристапат до ChatGPT, тие забележаа дека услугата е бавна и одговара многу подолго од вообичаеното. Некои корисници немаа никакви проблеми да го користат чет-ботот, што покажува дека прекините и грешките не ги погодуваат сите корисници.

Покрај OpenAI, пречки имаше и Pereplexity. Проблемите на Perplexity започнаа неколку часа по оние на OpenAI и најверојатно се поврзани со нивните прекини.

Кина ја паузираше вештачката интелигенција за време на испитите

За разлика од OpenAI кој се мачи да се врати во целосна функционалност кинеските компании за вештачка интелигенција намерно привремено паузираа некои од функциите на своите чет-ботови. Целта е да се спречи измама за време на државните испити за прием на универзитет и  да се обезбедат фер приемни испити, пишува Guardian. Популарни апликации како Qwen на Alibaba и Doubao на ByteDance оневозможија функцијата за препознавање слики да одговара на прашања поврзани со тестови. Yuanbao на Tencent и Kimi на Moonshot целосно ги суспендираа услугите за препознавање фотографии за време на испитниот период.

Оваа мерка е преземена за да се осигура праведноста на ригорозните повеќедневни испити „гаокао“, на кои полагаат повеќе од 13,3 милиони кинески студенти. Иако веќе е забрането користењето телефони и лаптопи за време на испитите, оневозможувањето и на AI чет-ботовите служи како дополнителна заштитна мерла против мамење. Испитите во Кина беа од 7 до 10 јуни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments