ChatGPT е запрепастувачки добра (и корисна) алатка за процесирање јазик, до тој степен да со неа можете да правите навистина фасцинантни работи. Па така, многу корисници кога аплицираат за работа, го копираат описот за работната позиција, одат на ChatGPT и внесуваат: Write a cover letter for this position: (тука го внесуваат описот). Ќе се изненадите колку добро мотивационо писмо може да излезе, a подеднакво импресионирани би биле и доколку побарате да ви се направи резиме за одредена позиција. Од друга страна, многу студенти максимално го користат за пишување најразлични есеи и трудови. Ова се само два интересни начини на кои се користат потенцијалите на ChatGPT. Во оваа прилика разгледуваме уште пет од нив!

1. Добивајте најразлични објаснувања
Имате нешто што не ви е јасно, некој термин, процес или слично? Едноставно прашајте го ChatGPT и ќе добиете концизни објаснувања. Можете да барате објаснувањето да е во форма на под точки, наместо параграфи, како и објаснувањето да е пропратено со табели и слични прикази.

Дали ви звучи како премногу комплицирано објаснување кое и баш не го разбирате? Во таа ситуација, на крајот од прашањето можете да додадете explain like I’m 5 и ќе добиете значително поупростен одговор! Погледнете како се одговори истото прашање, но на начин кој и пет годишно дете може да го разбере:

Но, што доколку сакате ова да ви биде објаснето во некој интересен стил, како на пример, како оваа прашање би ви го одговорил Вилијам Шејкспир?

2. Нека ChatGPT го реши вашето домашно
Од очигледни причини, ова дефинитивно не го препорачуваме како постојано go-to средство, но во ситуација да едноставно не знаете некој математички проблем или вежба да решите, ChatGPT е страшна работа, почнувајќи со едноставни равенки, па се до комплицирани табеларни проблематики. ChatGPT е исклучително паметна алатка независно од предметот; англискиот јазик дефинитивно не е исклучок.

3. Нека ChatGPT ви напише песна
Љубител сте на најразлична поезија и сакате да видите на кој начин вештачката интелигенција може да се носи со најголемите поети? Спремете се пријатно да бидете изненадени.

Што ако само еден збор замените во барањето и наместо тажна побарате весела песна?

Како огромни љубители на проза и поезија, ова беше едно од најпријатните изненадувања!
4. Пишувајте автоматски и-мејлови
ChatGPT може да ви помогне инстантно да добиете урнек за најразлични мејлови, под услов да не имаат некоја сомнителна природа. На пример, ние го замоливме да напише мејл на нашата тетка во Австралија која ја многу сакаме и која ни многу недостасува и да ѝ кажеме дека ни требаат пари :) Арно ама, таквото нешто не беше ценето од алатката:

При барање да ви се напишат мејлови, можете да кажете да биде краток или долг мејлот, како и да биде формален или да биде напишан во одреден стил. Сакате да дадете отказ како да сте витез од тркалезната маса? Уф, зошто да не!

5. Пишува блог постови
ChatGPT може без проблем да пишува најразлични текстови за блог. Се што треба е да му објасните на која тема да биде текстот и какви детали да има во него. Имајте во предвид дека ваквото нешто не е ок и има загрижувачки допирни точки со плагијат. Поради тоа, употребата ја препорачуваме само како форма на инспирација или чисто подобро да се запознаете со структурата и начинот на кој се пишуваат најразлични текстови.

Тоа беа нашите 5 начини за кои може да се користи ChatGPT. Секако, алатката е феноменална за многу други работи и набргу дефинитно ќе се навратиме на темава. Но, дали вие ја користите алатката и која е според вас најинтересната можност? Кажете ни во коментарите или на социјалните мрежи! :D







