Украдени се податоци на 794.000 корисници на бебешка продавница

Податоците на 794.000 корисници се украдени од Kiddicare, сајт кој продава играчки и облека за деца. Безбедносниот експерт Грахам Клули на Hot for Security извести дека се украдени адресите, телефонските броеви и имињата се во рацете на хакери. Kiddicare објави сите зафатени корисници се веќе се известени, а најголемата опасност е овие податоци да бидат искористени за да ги измамaт корисниците.

Нападот е откриен откако напаѓачот испратил SMS пораки до повеќе корисници за анкета, пракса што ја користат хакерите за да заработат. Напаѓачот успеал да стигне до овие податоци „благодарение“ на безбедносен пропуст на тест серверот, на кој биле поставени вистински податоци на корисниците. За среќа податоците за платежните картички не се на пробиениот сервер, ниту било какви податоци за трансакациите. „Безбедноста е веќе зголемена и може да потврдиме дека го идентификувавме проблемот и преземени се мерки ова да не се повтори. Лозинките се безбедни, бидејќи се криптирани, а и нема доказ дека напаѓачите имале пристап до лозинките, сепак како мерка на безбедност започнавме да ги известуваме корисниците да ги променат“, велат од Kiddiecare.

Тест страницата сега е избришана, но засега нема официјална јавна потврда за пробивањето, што би можeло да биде злоупотребено од напаѓачите да ги нападнат помалку информираните корисници на Kiddicare.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk