Се разбира дека бесплатните видео игри се добра вест за играчите, но што би можеле од ова да добијат издавачите и дизајнерите на видео игри? Предноста на бесплатните игри е што се достапни за сите што значи голем број играчи кои ќе ја играт играта се и потенцијални купувачи на виртуелни „добра“. Големиот број на играчи во Масивните Мултиплеер Онлајн игри (ММО) е предност бидејќи без ралика колку е добро технички направена играта никој од играчите не би сакал сака да игра на напуштени сервери. И ако до сега сте играле некој ММО, не сте можеле а да не забележите дека играчите во овие игри се содржина во игрите.
За сега постојат два модела на „бесплатно“ играње кои се во употреба. Покрај микротрансакциското плаќање, во последно време е се позастапен и „freemium“ моделот. Една од проблемите кои што ги има вториов модел е што е нов и недоволно доработен, па во поголем дел од мапи и инстанци го ограничуваат вкупниот број на играчи, а со ова го расипуваат искуството и на тие кои плаќаат и на тие кои не плаќаат. Ова може, но и не мора, да доведе до „напуштен“ изглед за крајните содржини. И покрај тоа што „freemium“ не е доволно прилагоден на ММО игрите моделов се чини одличен за играчите на iOS или Android кои во просек трошат по 14 долари на игри со овој модел на плаќање.
Тоа што можеби ги прави гејмерите скептичи во поглед на микротрансакцискио модел на бесплатни игри е најверојатно лошото однесување на компаниите кои го промовираа. Најчесто овој модел издавачите го сваќаа како „ајде сега да им земеме што е моќно повеќе пари на луѓето кои плаќаат“. Најголемата грешка која издавачите ја прават во желба да го зголемат профитот, е нарушување на балансот на играта. Ниеден гејмер нема да се нафати да игра игра во која ќе со осети дека е принуден да троши премногу пари за да остане конурентен. За да им објаснам на луѓето кои немаат искуство со ММО ќе пробам да илустрирам со пример кој за среќа не постои до сега. Замислете да можете да купувате „God Mode“ во игрите. И покрај тоа што ваков екстремен случај не постои, во многу од корејските игри се продаваат „подобрувачи на карактерот“ кој значително го уништуваат балансот помеѓу играчите, а со тоа и на играта. Една од работите кои можат дизајнерите да ја направат е да им дозволат собирање на сите играчи да можат со текот на играњето да ги соберат сите типови на „пари“. Ова прилично добро е осмислено во Lord of the Rings – Online во која сите играчи собираат поени кои можат да ги користат за микротрансакции. И покрај тоа што ова на почеток изгледа контрапродуктивно, сепак помага повеќекратно. Прво играчите на кои им се допаѓа играта и ја играат подолго време се чувствуваат наградени за времето поминато играјќи, со што ги приближува луѓето до микротрансакциите. Друга и за мене понеприфатлива опција е добивањето на погодности за кои се плаќа да ги добивате со рекламирање на играта на вашите пријатели, ако некогаш сте играле на Facebook отприлика знаете за што зборувам.
Во моето неколкугодишно играње на ММО сум видел прилично многу работи кој се продаваат во „item mall“, некои од најдобрите работи кои дизајнерите можат да ги продаваат се работите со кои го модифицират изгледот на својот карактер, повеќекратно зголемување на добиеното „искуство“, зголемување на просторот во кои можете да ги носите работите или место во банката. Лично немам никаков проблем да можат да се купуваат и оружја или оклопи, ама никако не смеат да бидат подобри од тие кои се собираат во играта. Во спротивно ќе бидат казнети играчите кои поминуваат повеќе време играјќи. Во принцип се што не го нарушува балансот при играњето е сосема ОК да се продава. И покрај тоа што е проблематично во игрите може слободно да се продава и „game gold“. Со тоа дизајнерите ќе имаат влијание врз економијата во играта и ќе ги отстранат/намалат „gold seller“-страните.
Дека бесплатните игри можат да опстојат во последно време има се повеќе примери. Покрај корејските игри кои долго владееа со овој дел на гејминг индустријата, сега и поголем број од западните игри кои се плаќаа се префрлаат на микротрансакциски или freemium модел. Пример се Turbine кој ги презема и ги префрли игрите во frееmium и со тоа го триплираа профитот, Leаgue of Legends и повеќе игри од Valve, меѓу кои и Champions Online и Team Fortress, а сега се чини и дека и Funcom и Age of Conan ќе бидат успешна приказна, со оглед на тоа дека од префрлање на моделот на плаќање бројот на играчи на играта се зголемил за 300.000, истовремено дуплирајќи ја и заработката.








Абе ова се вика free-to-play или F2P. Freemium е измислица од бизнисов со мобилки.
Инаку како можи да контактирам со Дејан – авторов на статииве за видео игри? Твитер митер меил?
[email protected] poveli :)