Графички дизајн: „Новото ретро“ преовладуваше, а во 2017-та очекуваме свежи палети, фокус на детали, патерни

[sharify]

Kои трендови во графичкиот дизајн ја одбележаа 2016-та?


Даниел:

  • • material дизајни
  • • спин на ретро стилот
  • • моќна и директна типографија
  • • one page веб страни
  • • експериментирање со менијата, навигацијата и UI анимациите

Иван: Kако тренд би го издвоил “новото ретро” кое беше присутно годинава во секој сегмент од дизајнот – од принт до веб. Станува збор за реанимирање на графички стилови од шеесетите, седумдесетите и највеќе од осумдесетите години од минатиот век. Иако се стилски препознатливи за сопствената декада, тие се освежени со современи теми и соодветна надградена типографија. Искрено уживав во многу примери од “новото ретро” oваа година.

Кои трендови во графичкиот дизајн би сакале да владеат во 2017-та година?


Даниел:

  • • би сакал нови свежи редизајни и ребрендирања
  • • помалку дизајни со стриктни гридови а повеќе со илустрации
  • • минимализам кој освен што ќе изгледа убаво и ќе функционира
  • • помалку сток елементи а повеќе оригинални дизајни
  • • монохроматски шаблони

Иван: Би сакал дизајнерите да не се плашат многу од детали и патерни. Мислам дека скандинавскиот минимализам го достигна својот врв и време е за нешто подинамично.

Кој типографски стил или фонт остави најголем впечаток во 2016-та и дали имаш предвидување за каде ќе оди типографијата во 2017-та?


Даниел: Сигурно најмногу впечаток оставија рачно цртаните, ракописните и фонтовите цртани со калиграфски четки. Типографија која има душа, која е топла и атрактивна за око.

Иван: На мое задоволство, рачно правените фонтови (scripts) беа доминантни оваа година – највеќе во плакат дизајнот и во дизајнот на амблажи. Се надевам дека овој тренд ќе се развие уште подобро во наредната година.

Кога би побарале од тебе палета од 3-4 бои кои те потсетуваат на 2016-та, која е палета на бои?


Даниел:

Иван:

Која би била палетата на бои во 2017-та? 🙂


Даниел: Дефинитивно јаки, светли и свежи палети на бои и омбре градиенти

Иван: Pantone ја предвиде зелената како боја на 2017-та но мислам дека не треба тоа да се сфати сериозно. Би рекол дека тоновите на комплементарните портокалова и сина би биле добар старт за 2017.

Доврши ја реченицава… Во 2017-та година, графичкиот дизајн…


Даниел: …повторно нема да го спасува светот, ама барем ќе го прави поубаво место за живеење.

Иван: …ќе има поголема улога во позитивните социјални промени.

Најчитани текстови на IT.mk во овој сегмент за 2016 година: