YouTube тестира пребарување во реално време

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

{mosimage} YouTube додаде пребарување во реално време за своите коментари. Kaко кај Twitter, оваа пребарување овозможува да ги прегледувате коментарите кои корисниците ги оставаат на видеата.

Опцијата можете да ја најдете тука. Тоа што е важно да се забележи е дека YouTube е вториот најголем интернет пребарувач, веднаш зад Google, па пребарувањето во реално време може да даде различна динамика на коментарите на видео сервисот, кои, да бидеме реални, моментално немаат никаква вредност – или се глупави препукувања или не се поврзани со видеото.

{mosimage}

Од една страна ова пребарување може да им овозможи на авторите на видеата да читаат што луѓето пишуваат за нивното видео. Исто, за посетителите на сајтот може многу лесно да ги наведе кон конкретни видеа поврзани со коментари кои имаат клучни зборови.

„Што е придобивката од ваквите резултати во реално време? За одредени пребарувања не мора да чекаш за да ги најдеш најновите резултати.“ пишува ReadWriteWeb.

Тоа што RWW го мисли е тоа дека во
пребарувањето се вклучени и „тренди“ актуелните теми за кои луѓето имаат отворена дискусија на интернет. Такви „тренди“ коментари се појавуваат скоро секоја секунда.

Интересна е и опцијата „прикажи коментар во сите јазици“. Така лесно може да се пребарува еден одреден термин.
Со вклучување на опцијата за сите јазици со терминот „makedonija" се добиваат поинакви резултати од пребарување на „makedonija“ без вклучување на таа опција.

YouTube се уште нема официјална најава за оваа опција, така да најверојатно се работи за алатка во фаза на тестирање.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk