Во иднина 10% од вашите Facebook пријатели ќе бидат ботови

„До 2015 обидите за систематизација и автоматизација на друштвената комуникација ќе резултира во раст на друштвени ботови – автоматски софтвер агенти кои можат, до одреден степен, да комуницираат со корисниците на персонализиран начин за секој индивидуалец.“

Ова всушност има смисла. Се повеќе компании поставуваат свои веб профили на друштвените мрежи, а како што има чет ботови, така може да има и друштвени ботови кои ќе одговараат на основните кориснички барања.

Интересниот дел е што тие ботови ќе можат да се персонализираат според корисникот, бидејќи друштвените ботови ќе можат да ги знаат интересите, пријателите и другите лични информации, што од друга страна може да биде проблем за приватноста. Дополнително проблем е што вообичаено повеќе ботови значи и повеќе маркетинг спам и повеќе измами.

Од останатите предвидувања Gartner вели дека ќе до 2015-та година, критичната инфраструктура на Г20 нациите ќе биде оштетена од онлајн саботажа, ќе има напади врз финансискиот систем, врз физичките фабрики и мобилната комуникација. Исто така машините ќе заменат 25 отсто од мануелната работа поврзана со ИТ сервиси.

Дополнително, вработените од 90% од компаниите до 2014 година ќе користат корпоративни апликации на своите лични уреди, а 80 отсто од бизнисите ќе поддржуваат користење на таблет компјутери.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Gjoko Krstic
12 years ago

nice pic vik :)