Ubisoft става крај на Ghost Recon Phantoms и The Mighty Quest for Epic Loot

во гејминг

Животниот век на бесплатни игри е краток и непредвидлив, а лекцијата овој пат доаѓа од француските издавачи Ubisoft.

Ghost Recon Phantoms и The Mighty Quest for Epic Loot ќе згаснат до крајот на годинава.

maxresdefault

Уживателите во мрежната акциона игра Ghost Recon Phantoms имаат до 1 декември да ги потрошат нивните Ghost Coins, а од Ubisoft побрзаа да додадат дека сите потрошени пари за купување виртуелни валути нема да бидат враќани. Поради тоа, вградената продавница останува отворена до судбоносниот ден, но продажбата на Ghost Coins целосно се укинува. Ghost Recon Phantoms e со нас четири години.

617721-1200x771

Од друга страна, симпатичниот Diablo клон со примеси на Dungeon Keeper, The Mighty Quest for Epic Loot ќе згасне многу побргу и тоа на 25 октомври. Како дополнителни чекори за полесна рехабилитација (читај: удирање клоца) продавницата со сите микро трансакции е затворена, а играчите имаат 60 дена да ги потрошат преостанатите Blings. The Mighty Quest for Epic Loot излезе од бетата пред само две години.

На прашањето зошто се згаснуваат овие две игри, кои се релативно „млади“ на пазарот, од Ubisoft ја наведоа најстарата причина на светот – Пари! „Игрите не беа онолку успешни колку што се очекуваше од нив и одлучивме да ги згаснеме за да се посветиме на други проекти“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk