Seavus Incubator ги повикува техничките стартапи во пред-акцелерациска програма

во ИТ.МК

Image courtesy of Seavus

Seavus Incubator ги отвора своите врати за повеќе технички стартапи. Компанијата ја најави својата предакцелерациска програма, а веќе е отворено и пријавувањето за заинтересираните стартапи.

Можат да се пријават сите заинтересирани, иако има неколку ограничувања. Најверојатно најголемотo ограничување е што преакцелерацијaта им е достапна единствено на техничките стартапи. Иновативните хардверски и софтверски решенија можат да учествуваат, а во предвид доаѓаат и средни и големи компании со минимум 2 вработени. Конечно, стартапите кои ќе бидат примени ќе мора да ја „издржат“ цела програма.

Секако, присуствувањето ќе биде корисно и за стартапите. Како дел од програмате ќе имаат можност да научат како подобро да ги претстават и презентираат производите и компанијата.  Ќе имаат и можност за: ширење на мрежата; пичување пред инвеститори, а отворен за користње им е и „co-work“ просторот на Seavus.

Програмата започнува на 1 октомври, и ќе трае околу 6 недели во просториите на Seavus Incubator. Во овој период менторите на компанијата ќе бидат постојано присутни со тимовите подготвувајќи го тимот за демо презентацијата и она што следи по неа.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk