Сакате .мк домен? Ќе мора да почекате некој месец…

во ИТ.МК

Од МИО го потврдија твитот на Urnebes Host. МАРНет го креирал правилникот во 1995 година, но според Уставен суд МАРНет не е регулаторно тело кое ја има моќта да креира вакви правилници, и затоа добива забрана за работење и менаџирање на .мк домените.

Од МАРНет нема одговор, сите не префрлија кон нивната правничка Марија Маневска, но таа одби да коментира, наведувајќи други институции кои можат да одговорат.

МИО требаше да го превземе работењето со МАРНет од 1-ви јануари 2011 год., требаше да го либерализира .мк доменот, но се случи спротивното. Одлуката на Уставен суд значи дека додека не започне со работа новото координативно тело на МАРНет, граѓаните на Македонија нема да можат да регистрираат .мк домени ниту пак ќе можат да извршат било каква замена на именските опслужувачи или податоците во регистарот на МАРНет. Од МИО претпоставуваат дека до „новиот” МАРНет има околу 1-2 месеци чекање.

Според Уставниот суд правилникот на МАРНет не е соодветен според Уставот на РМ.

„Од увидот во регистрите на правните прописи што се во важност во Република Македонија произлегува дека во времето на поднесување на иницијативата во правниот поредок не постоела законска регулатива која ги уредувала прашањата поврзани со организација и управување со врвниот македонски домен МК во областа на Интернет и за користење на поддомените во него.“, се вели во одлуката на Уставниот суд кој понатаму додава:

„Во меѓувреме, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 15 септември 2010 година донесе Закон за основање Македонска академска истражувачка мрежа, („Службен весник на Република Македонија“ бр.124/2010 година), кој влезе во сила на 23 септември 2010 година.

Од анализата на одредбите од Закон за основање Македонска академска истражувачка мрежа неспорено произлегува дека проблематиката поврзана со основањето, статусот, задачите, работата, раководењето, управувањето, финансирањето, надзорот над работата, како и други прашања поврзани со работата на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет) и корисниците на нејзините услуги за прв пат добива законска основа со овој закон и досега не била предмет на уредување со било каков важечки закон од правниот поредок на Република Македонија.“ (болдираното е додадено за нагласување на клучниот момент)

Неодамна, МАРНет беше изгласан од македонските корисници и IT.com.mk како најголемиот неуспех за 2010-та на македонската ИТ сцена.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
17 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] IT.com.mk: „Сакате .мк домен? Ќе мора да почекате некој месе… […]

Petar Ratkov
11 years ago

Ме интересира дали ќе можат да ги променат name server да покажуваат кон друг сервер

Дејан
Дејан
11 years ago

Е добро овие од МИО и тие над нив не се салам очигледно..
Па ставете нешто привремено решение дури чекаме
А сега ако истече предплатата на некој? Или ако си правел планови да купи домеин.
Леле алал нека им е на умот жими се ццц, дали имаат се прашувам.
МИО е најголема пералница за пари немаат никаква сериозна заштита од хакерски напади за нивните сервиси кои что ги прават, а пополека сите институции се префрлаат на интернет а не се ни одблиску спремни на таков чекор, незнаат што може да се случи..
Им требаат добри КАДРИ а не дечињата кои ги работат проектите за МИО јас некои лично ги познавам дека се млади деца без грам искуство.
Нека е за арно хаха позз отидов на .com од сега па засекогаш зашто .mk е жива СРАМОТА а треба да е имиџ бренд и гордост еее отиде јабана како и цела ДРЖАВА со овие недокваканиве

Марјан
Марјан
11 years ago

не ме чуди ништо кога се шо е од државните органи е со чекање, пред некој ден пробав да извадам најобичен извод од матична книга на родени и ми рекоа да дојдам после 5 дена за да го земам, а ми требаше за многу хитно, па сега ова со домејните може да се чека и повеќе од година

trackback

[…] IT.com.mk, формирањето на нова служба за регистрирање домени […]

Pece Angelkovski
11 years ago

Patetika vo raskos. Neka napravat koncesija i neka go dadat na firma od koja ke baraat uslovi za besprekorno prakticno resavanje i efektivnost a toa neka go uramat vo dobro smislen dogovor.

Ako ne.. ostanuvame so patetikata

Mile
Mile
11 years ago

Ako go dadat na edna firma, ke zavrsime uste poloso: monopol kako i do sega, a cenite ke bidat… kako i cenite na site drugi uslugi od pogolemite IT komplanii vo MK, A koja firma bi bila toa? T-Mobile? Prv na listata (ili nekoj slicen na niv), pa togas ke plakame po ne znam kolku pari godisno za domenite, a posle ke plakame i za site drugi uslugi, megu koi i promena na DNS serveri (1000den), za sekoj DNS zapis (500den.), privatnost na informaciite za registratorot (2000den. za konfiguracija i 5000den. godisno), i sto uste ne bi naplakale (kako i se do sega ke capkame 100 godini zad celiot svet), a vo drugite drzavi ovie uslugi gi davaat besplatno.

Sreden vek na povidok vo internetot vo Makedonija.

АaA
АaA
11 years ago

Министерството за информатичко општество И АДМИНИСТРАЦИЈА.

Да се знае.

nemam
nemam
11 years ago

drzava brakja moiiiiii

Daniel B
11 years ago

А доколку ми истече домејнот во овој период? Валда нема да го скинат :)

natalino
natalino
11 years ago
Reply to  Daniel B

Pa ete nasata firma prosledi baranje pred nova godina za sopstven domain …i toa 3 dena otposle koga odlukava bila donesena…a gorenavedenoto "renomirano" administrativno telo ne znae da dade izvestuvanje nitu pak logicno objasnuvanje za nastanatata rabota, davajki ednostaven odgovor na svoite dosegasni (dolgogodisni) korisnici da se upatat vo MIO kaj Ivo…ehh monopol drzava

Gjoko Pargo
11 years ago

Хех… дали ова значи дека можам да го тужам МарНет за сите пари кои до сега сум им ги дал ?
И дали ова значи дека треба да ми биде драго за ова што се случило бидејќи 5 години по ред им нудам да им направам бесплатна веб страница со сите сервиси и тракатанци кои што треба да ги има национален регистар, а они упорно не ми даваат никаков одговор???

Срамота во секој случај! Башибозук држава. Работат 15 години, а правно никако не биле регулирани. Сам свој мајстор…

@macstr1k3r
11 years ago
Reply to  Gjoko Pargo

Кој ќе ти го „скине“. Во моментов нема институција која што има овластување да ги менаџира .мк домените.

Antares
Antares
11 years ago

Stamen Filipov strikes agian http://www.newropeans-magazine.org/content/view/8

Taurus
Taurus
11 years ago

Очигледно им годи на Марнет титулата за најголем неуспех за 2010 и почнаа активна кампања уште на почетокот на 2011 за да ја зачуваат титулата.

@ordanoskiv
11 years ago

Тоа е. Еднакви сме на Конго и Брегот на слоновата коска.
Голем пропуст на МИО (кое стои зад реорганизацијата и реформацијата на Марнет).

Во меѓувреме, ќе си свириме на фрула…

Горјан Јовановски
Горјан Јовановски
11 years ago

така ме земјо моја драга и мила, се гордеам што живеам во волку технолошки напредната држава чии што институции функционираат беспрекорно и експресно </sarcasm>

види ги сите огласи на kariera.it.mk