Frontend Developer

  • вработување
  • Од каде било
  • Аплицирањето е завршено
PerunTech

PerunTech

За потребите на нашата компанија, ПЕРУН ТЕХНОЛОГИИ ја огласува следната позиција:

 

FRONTEND DEVELOPER

 

Работни обврскикои се очекуваат од кандидатот:

·       развој на програмски код, според воспоставена методологија на работа;

·       учество при дефинирање на кориснички интерфејси и развој на компоненти (искажување идеи и нивна реализација);

·       развој на нови компоненти, како и анализа на постоечки компоненти од системот и подобрување на истите;

·       пишување на корисничка и техничка документација;

·       евиденција на работни обврски и почитување на крајните рокови

 

Потребни познавања, искуства и вештини:

·       високо познавање на React.js, Redux.js, Node.js, HTML, CSS и JavaScript;

·       Познавање на PostGIS, Oracle SDO, ArcGIS, qGIS

·       Познавање на алатки за мапирање OpenLayers, Leaflet.js

·       дополнително познавање на  Java, SQL (работа со бази на податоци) ќе се смета за предност;

·       добро познавање на Англискијазик;

·       добри комуникациски вештини,

·       иницијативност, креативност, како и способност и желба за тимска работа;

·       работно искуство од најмалку 2 години во бараната област ќе се смета за предност

·       познавање во имплементација на ГИС компоненти ќе се смета за предност

·       универзитетска диплома од областа на информатичките технологии ќе се смета за предност

 

Што нудиме:

·       пријатна и динамична работна околина во иновативна компанија

·       поддршка за запознавање со работните процеси на компанијата, како и потребните проектни активности во кои кандидатот би бил вклучен

·       можности за професионален и личен развој во повеќе области

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

 

Работното време е 40 работни часови неделни, односно 5 работни дена по 8 часа (08:00-16:00). Работењето се реализира исклучително со физичко присуство.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови и се заинтересирани, своите ажурирани професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected] со наслов:

АПЛИКАЦИЈА ЗА FRONTEND ПРОГРАМЕР

 

Крајниот рок за аплицирање е: 30/10/2021

За аплицирање се покануваат само кандидатите кои ги исполнуваат условите наведени во огласот.