Frontend Developer

  • вработување
  • Скопје
Перун Технологии

Веб-страница Перун Технологии

За потребите на нашата компанија, ПЕРУН ТЕХНОЛОГИИ ја огласува следната позиција:

FRONTEND DEVELOPER

 

Работни обврски кои се очекуваат од кандидатот:

·         развој на програмски код, според воспоставена методологија на работа;

·         учество при дефинирање на кориснички интерфејси и развој на компоненти (искажување идеи и нивна реализација);

·         развој на нови компоненти, како и анализа на постоечки компоненти од системот и подобрување на истите;

·         пишување на корисничка и техничка документација;

·         евиденција на работни обврски и почитување на крајните рокови

 

Потребни познавања, искуства и вештини:

·         високо познавање на React.js, Redux.js, Node.js, HTML, CSS и JavaScript;

·         дополнително познавање на  Java, SQL (работа со бази на податоци) ќе се смета за предност;

·         добро познавање на Англискијазик;

·         добри комуникациски вештини,

·         иницијативност, креативност, како и способност и желба за тимска работа;

·         работно искуство од најмалку 2 години во бараната област ќе се смета за предност

·         универзитетска диплома од областа на информатичките технологии ќе се смета за предност

 

Што нудиме:

·         пријатна и динамична работна околина во иновативна компанија

·         поддршка за запознавање со работните процеси на компанијата, како и потребните проектни активности во кои кандидатот би бил вклучен

·         можности за професионален и личен развој во повеќе области

·

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Работното време е 40 работни часови неделни, односно 5 работни дена по 8 часа (08:00-16:00). Работењето се реализира исклучително со физичко присуство.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови и се заинтересирани, своите ажурирани професионални биографии можат да ги испратат на: [email protected] со наслов:

АПЛИКАЦИЈА ЗА FRONTEND ПРОГРАМЕР

 

Крајниот рок за аплицирање е: 30/11/2021

За аплицирање се покануваат само кандидатите кои ги исполнуваат условите наведени во огласот.

 

За да аплицираш за оваа позиција испрати ги твоите детали преку e-mail на: contact@prtech.mk