
Global Gaming DOO Skopje
Опис на работно место
· Отстранување на хардверски и софтверски проблеми во службените канцеларии и на терен.
· Инсталација, конфигурација и администрирање на работните станици, мрежните уреди и софтверските системи во компанијата.
· Администрирање и надгледување на безбедносните компоненти.
· Поддршка на софтверските системи на корисниците во деловната мрежа.
· Соработка и комуникација со надворешни добавувачи на опрема како и со надворешни соработници на IT услуги.
· Анализа и тестирање на нови софтверски системи.
Потребно искуство, знаење и вештини
· Искуство во софтверско администрирање на мали или средни компании и нивно доменско поврзување.
· Инсталација и конфигурација на Windows и Linux оперативните системи и нивните пратечки софтвери.
· Познавање на компјутерските мрежи и мрежните протоколи.
· Основно познавање на виртуелизацијата на оперативните системи.
· Познавање на стегање и поврзување на мрежните конектори (UTP, BNC, LSA Patch и слични).
· Пожелно искуство во поставување и сетирање на видео надзор.
· Пожелно искуство во управување со Ubiquiti и Mikrotik рутерите.
· Пожелно познавање на српскиот јазик – разбирање и говорење.
· Возачка дозвола “Б” категорија.
Нудиме
· Работа во една од најперспективните компании во оваа област.
· Работа во тим со искусни експерти во нивните области, можност за стекнување на нови знаења и вештини.
· Стабила и позитивна работна атмосфера во професионален, динамичен и млад тим во пријатно работно опкружување.
· Предизвик, стабилност и можност за учење и напредување.
· Континуирано усовршување.
· Тим билдинг активности.
· Можност за напредување на повисока позиција.