Извештајот на конференцијата за развој на игри покажува растечки интерес за Nintendo Switch, PC игрите и кутиите за плен

Конзолата Nintendo Switch успеа да ги освои гејмерите во 2017 гoдина, не само со револуционерниот дизајн на хардверот, туку и со феноменалните игри кои се најдоа на бројни листи како најдобрите игри за 2017 година. Паралелно со ова, 2017 година ќе остане запаметена како година на кутиите за плен (loot boxes) и цветањето на RNG механиките каде за вистински пари добивате плен по случаен избор.

Ако може да му се верува на годишниот извештај на организаторите зад конференцијата за развој на игри (Game Developers Conference), ни едниот ни другиот феномен нема да згаснат во 2018 година, туку би можеле да заземат уште поагресивни мерки, што за случајот со Nintendo Switch е супер, но не и толку за кутиите со плен.

Покрај ова, извештајот за состојбата на гејмерската индустрија покажува и намалување на интересот за игри за паметните направи, како и за игрите во виртуелна реалност.

Пред да почнеме со анализирање на бројките, потребно е да се спомене дека креаторите на извештајот ги засновале таквите заклучоци врз основа на одговори од скоро 4000 девелопери.

На прашањето за кои платформи студијата прават игри, 60% се изјасниле за PC, 36% za PlayStation 4, 26% за Xbox One, а само 12% за Nintendo Switch. Од ова, би можеле да заклучите дека претходната изјава за растечкиот интерес за Nintendo Switch е контрадикторна, но кога ги прашале студијата за која платформа се најзаинтересирани, 36% кажале Nintendo Switch, што е многу повеќе од интересот за VR, за игри на паметни направи, како и за Xbox One. Од друга страна, на прашањето за која платформа ќе биде нивната следна игра, 32% од девелоперите одбрале PS4, 29% Xbox One, а само 15% се одлучиле за Switch.

Движејќи се низ извештајот се наидува и на тврдење дека интересот за VR/AR игри се губи и едно студио се има изјаснето дека доколку не се исфрли игра која ќе го достигне она што Halo го достигна за Xbox One, не се знае каква ќе биде иднината со виртуелните игри, односно зголемената реалност.

Полека се доаѓа до најчувствителната тема која е како трн во око за многумина гејмери, а тоа е проблематиката со кутиите за плен и трендот со нивно врзување со гејмплеј механики. Кога биле прашани како планираат да заработуваат на игрите на кои работат, 49% кажале дека ќе одат со моделот каде се дава еднократна цена за пристап до играта, а 39% го насочуваат фокусот кон моделот бесплатно-за-играње. Но, еден од пет девелопери кажале дека планираат да воведат во нивните игри или платежни додатоци, или микротрансакции каде за пари се продаваат или одредени козметички предмети или кутии со плен. 11% од студијата јасно и гласно си признале дека планираат да интегрираат кутии со плен, но не се знае дали таквите игри во самиот старт ќе бидат бесплатни за играње или пак ќе мора и да се плати еднократна сума за пристап.

Целиот извештај можете да го преземете од официјалниот сајт на GDC.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Full Stack Java Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk