ИТ Настан: Нов JavaSkop на 30 март, побрзајте со регистрација!

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Добри вести за сите девелопери кои со нетрпение го очекуваат секое издание на JavaSkop! Од настанот не делат едвај неколку дена и многу скоро ќе може да ги слушате говорите на еминентните експерти во своите области. Настанот започна да се одржува како JavaDay, а од пред 4 години се „ребрендира“ во JavaSkop. Ако не сте слушнале досега, JavaSkop е еднодневна конференција наменета пред сѐ за Java заедницата. Настанот е организиран од Java User Group Macedonia (JUGMK).  JavaSkop како JavaDay се одржува уште од 2010. Минатата година настанот го посетија над 500 посетители.

Листата на говорници и темите кои ќе бидат опфатени повторно се импресивни. Од тестови на апликации во  „тест контејнери“ до Kotlin, Boilerplate, Open JDK 11 и куп други актуелни и интересни теми кои може да ги погледнете на агендата за настанот. На истата страница може да ја пронајдете и листата на говорници.

Како и минатата година, така и оваа настанот се одржува во Cineplexx во Хала 5 и Хала 6.

Разбирливо, поради ограниченоста на капацитетот потребно е сите заинтересирани посетители да го најават своето присуство. Регистрациите за настанот се веќе отворени и доколку сакате да присуствувате, задолжително е да се пријавите на EventBrite. Настанот е бесплатен и од отворен карактер, а сите предавања/говори ќе бидат на англиски јазик.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk