Halo Wars 2 со бесплатно демо за PC и Xbox One

Популарната стратегија сместена во уште попопуларниот универзум, Halo, од неодамна им овозможи на играчите бесплатно демо. Во случај да го сакате да проверите дали е ова стратегијата за вас кликнете тука. Имајте предвид, меѓутоа, дека демото е исклучително ограничено и по цена од скоро 17 GB простор ќе ви дозволи да ја одиграте само првата мисија од играта и дел од Blitz Firefight режимот за повеќе лица. Исто така, за графичко исполнително искуство ви требаат 8GB RAM, NVidia GTX 1060 и i5-5690k процесор.

Halo Wars 2 излезе пред месец дена и има просечна оценка од 79 поени на Metacritic. Од една страна, рецензентите беа одушевени од фантастичната приказна и меѓу секвенци (Gaming Age), паметниот дизајн (Gaming Nexus), а и сметаат дека играта е достоен наследник на хитот Ensemble од 2009 година (Attack of the Fanboy), кој ќе ги остави сите гејмери презадоволни (LevelUp). На слични пофални зборови ќе наидете и од повеќето рецензенти и за конзолата Xbox One.

Од друга страна, GameCrate искажаа незадоволство кон непрецизното управување кое придонесува до трапаво и неефикасно искуство, а и New Game Network се свесни дека не се работи за бомбастичен наслов кој го револуционизира жанрот и ги руши стратешките лидери.  GamesRadar+, GamingTrend и Gamespot ги даваат најниските оценки од 60 поени и објаснуваат дека сè е веќе видено, кратката кампања малкумина ќе одушеви, а таман кога работите ќе станат интересни, играта нема кондиција да го одржи истото возбудливо темпо.

Halo Wars 2 и понатаму нема рангиран мултиплеер. Авторите уште еднаш потврдија дека работат на неговото имплементирање, но не удостоија со датум на излегување.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АПГРЕИТ МК ДООЕЛ

Front-End Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Backend Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Implementation Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk