Детали за хеликоптерот на Обама на P2P мрежи

{mosimage}Американската интернет сигурносната компанија Tiversa која врши мониторинг на P2P (Peer-to-peer) мрежи, тврди дека пронашла детали и скици за хеликоптерот на претседателот на САД, наречен Marine One, и тоа на сервер базиран во Техран, Иран. Документите кои содржат целосни технички и финансиски детали за хеликоптерот, биле објавени на интернет откако претходно компанија која работи за министерството за одбрана на САД на еден од своите компјутери инсталирала програм за споделување на фајлови.

"Пронајдовме фајл кој ги содржи сите детали за леталото на претседателот" – изјави Боб Бобак, извршниот директор на Tiversa, објаснувајќи дека проблемот најверојатно настанал откако некој вработен симнал програм за споделување на фајлови и не бил свесен дека со тоа и на другите корисници на P2P мрежите им овозможил пристап до неговиот хард диск.

Бобак исто така додаде и дека воопшто не е чудно што информациите се пронајдени на комјутери во Иран и дека земјите како Иран, Пакистан, Јемен, Катар и Кина активно пребаруваат разни P2P мрежи за информации кои се поврзани со владата или армијата на САД, Британија, Франција и други земји.

{mosimage}

Според извештаите на Tiversa, P2P мрежите се кошмар кога станува збор за пронаоѓање на доверливи документи. Ова важи особено за западните земји кои учествуваат во воените мисии во Ирак и Авганистан, чии војници доаѓајќи од земји во кои интернетот е скоро секојдневна и нормална работа, се соочуват со ситуации во кои на своите мобилни телефони и лаптоп компјутери инсталираат P2P клиенти за да можат да преземаат музика и нови филмови, незнаејќи дека со тоа овозможуваат пристап до заштитена воена мрежа.

"Базирајќи се на ИП адресите, пронајдовме од каде овие информации доаѓаат. Исто така знаеме точно од кој компјутер се објавени. Сигурен сум дека таа личност која го направила ова е засрамена и може дури да ја изгуби и својата работа, но ние знаеме од каде се објавени и од каде се преземени тие фајлови." – соопшти генералот Весли Кларк кој работи како консултант во Tiversa.

Но и покрај оваа изјава, штетата е веќе направена. Информациите се "надвор во дивината" и конгресот на САД побара итна седница на советот за безбедност за да се утврди колку оваа ситуација може да влијае на сигурноста на Обама како и на целата земја.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments