Четири хрватски и една српска компанија се меѓу најбрзо растечките ИТ компании во регионот

во Свет

Четири хрватски и една српска компанија се помеѓу 50 најбрзо растечки технолошки компании во Централна Европа и се добитници на Deloitte Technology Fast 50 Central Europe наградите, јавува Netokracija.

Српската компанија која работи на дигитално процесирање на сигнали Bitgear Wireless Design Services е на второто место со раст од 1.872 отсто во последните пет години; хрватската компанија за финансиски трансакции Webteh се наоѓа на шестото место, додека нивните колеги Infinum, кои развиваат мобилни и веб апликации, се на десетото место. Во топ 50 се и Pet Minuta и Mono исто така од Хрватска.

На првото место е румунската туристичка агенција Vola.ro, која, според основачот Данил Труика, има за цел да се рашири интернационално и тоа со освојување на Азискиот пазар, поточно Виетнам, и другите пазари во развој кои ќе растат побрзо во блиска иднина.

На настанот се доделија и Big Five награди за регионални копании кои се преголеми за споредба со растечките помали конкуренти. Добитници се GOCLEVER од Полска, Internet Shop од Чешка, TeamNet од Романија, ESET од Словачка и eSKY од Полска. Целата листа може да ја погледнете тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

The Network Control Group

Customer and IT 2nd line Support

EVER NEAR DOO Skopje

Software Support Specialist

АПГРЕИТ МК ДООЕЛ

Software Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Implementation Team Lead

види ги сите огласи на kariera.it.mk