Аpple ја тужи и Motorola во Европа заради дизајнот на XOOM

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Само што Apple освои победа врз Samsung и забрани испорака на Galaxy Tab 10.1 во Европа, Флориан Мулер од Foss patents открива дека Apple, во исто време со тужбата против Samsung, има поднесено поплака и против Motorola и германската компанија JAY-tech за копирање на дизајнот на iPad.

Поплаката е поднесена до Општинскиот суд на Дизелдорф, истиот суд кој ја забрани испораката на Galaxy Tab. Сепак во документот не стои дали Apple има побарано наредба за забрана на испорака на Motorola Xoom таблет компјутерот во Европа.

Aко Apple успее да ја блокира испораката и на Motorola Xoom, како што им успеа со Galaxy Tab 10.1, тогаш ќе ги тргне двата најголеми конкуренти на iPad oд европскиот пазар, задавајќи им финансиски удар на конкурентните производители, но и на довербата кон Android платформата.

Foss patents во фебруари објави и интересен документ за борбата на Apple против Android уредите. Како што може да се види Apple се тужи и со HTC.

Apple vs Android 10.12.02

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments