AlphaGo е божество за играчите на Го

во Свет

AlphaGo вештачката интелигенција која е специјализирана за стратешката кинеска игра која потекнува од Кина е на пат да стане најдобар играч на планетата. AlphaGo победи за само половина поен. Ова е најмала разлика која може да раздели два играчи во Го.

„AlphaGo е како божество за играчите на Go“, вели Ки Џие на прес-конференцијата завршувањето на натпреварот.

AlphaGo поведе против најдобриот човек играч Ки Џие. Ова е нова и надградена верзија на вештачката интелигенција и не е истата која играше со Ли Си-дол. AlphagGo тогаш победи 4-1, но слабоста која му овозможи една победа на Си-дол е отстранета.

„Ако има слабост Alphago, во моментов не ја гледам. Претходните верзии имаа слабости, но оваа досега нема“.

AlphaGo се обидува да ја зголеми веројатноста за победа, а не бројот на поени. Секогаш кога треба да се направи одлука, AlphaGo пресметува во зависност од шансите за победа, не од бројот на освоени поени. Дополнително секоја одлука која ја прави вештачката интелигенција е поврзана со идните ризици. AlphaGo се обидува да го одбере потегот кој ќе го донесе до победа со најмал ризик. Ова може е најдобар показател дека разликата од половина поен е поголема, отколку што изгледа.

 

Натпреварот се игра во формат подобар од 3. Ова беше првиот натпревар, а следниот се игра во четврток. Помеѓу овие натпревари има повеќе други интересни настани. Во петок 5 мајстори на Го ќе ги здружат силите против AlphaGo во ревијален натпревар. Натпреварите се одржуваат како дел од „Future of Go Summit“, фестивал на Го и вештачката интелигенција.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] интелигенција AlphaGo по вторпат го победи најдобриот светски Го играч, Ки Џие. Со ова […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk