Хонорарен соработник за AI и DeFI проекти

  • од дома
  • привремено
  • хонорарно
  • Remote
  • Аплицирањето е завршено

Американска компанија Logyx бара хонорарен соработник за развој на DeFI проекти со имплементирани AI модели.

Се работи за повеќе проекти и можност за долгорочна соработка.

Идеалниот кандидат кој се бара има добри познавања од развој на веб апликации, има експериментирано со искористување на вештачка интелигенција во апликации и има познавање за Web3 концепти како и работа на DeFi проекти.

Хонорарот изнесува од 550 до 1200 долари на месечно ниво, зависно од моделот на соработка кој ќе се прецизира со кандидатот.

Кандидатот треба да има искуство и познавање на:

  • LLM интеграции,
  • Solidity,
  • Python и
  • JavaScript/React.

Постои можност за работа во канцеларија во самиот центар на Скопје или на далечина – по договор.

Што би работеле?

  • Развој на DeFi и Web3 проекти со интегрирани AI модели,
  • Истражување за DeFi протоколи,
  • Развој на Proof of concept проекти.

Потребни познавања:

  • Искуство со развој на софтвер,
  • Разбирање на нефункционални барања (достапност, скалабилност, поддршка, интероперабилност),
  • Познавање на Solidity или Python,
  • Познавање на React/React Native,
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Искуство на било каков DeFI проект е плус!

Услови за работа:

  • Хонорар од 550 до 1200 долари месечно,
  • Флексибилно работно време со хибриден модел на работа,
  • Работна атмосфера во која се почитува преземање на одговорност и исполнување на задачи,
  • Ментор со повеќегодишно глобално искуство во развој на Fintech, DeFi и ИТ проекти,
  • Можности за бонуси,
  • Пријателска, тимска и колегијална атмосфера со филозофија на хоризонтален менаџмент.

При процесот на аплицирање ве молиме посочете и сопствени проекти или проекти на кои сте работеле или пак појаснете зошто сте вие идеален кандидат за праксава.

Можете да аплицирате и само со линк до Github, ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.

Тагирано со: , ,