Оглас за вработување на ORACLE DBA

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

Веб-страница МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп

Приклучи се на тимот со кој знаеш дека си сигурен

Оглас за вработување на ORACLE DBA
МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп е првата осигурителна компанија во Р. Северна Македонија, со најголемо искуство и експертиза на пазарот на осигурување. Нашите почетоци датираат уште од 1945 година како државен осигурителен завод, а во последните девет години сме дел од австриската групација ВИГ.

Тимот на Душтвото е составен од искусен кадар што го одликуваат силни корпорациски вредности како одговорност, блискост и почитување на различностите, како и постојаното вложување во обуки на кадарот.

Ние како Друштво сме секогаш отворени за прием на нови лица и овој пат имаме потреба од проширување на тимот во Секторот за ИТ со извршител на работна позиција Oracle DBA

ИТ тимот е со долгогодишно искуство и на високо развиено ниво во нашето Друштво, што се потврдува со фактот дека во последните три децении работиме со интерно развиен софтвер што ги покрива сите области на нашето работење. Исто така, ИТ тимот повеќе години успешно работи на развој на апликации и одржување на бази на податоци за членки на Групацијата ВИГ во други држави.

Новиот член на ИТ тимот ќе ги извршува следните работни задачи:

Конфигурирање, мониторинг и оптимизација на Oracle DB инстанци и апликациски сервери;
Поддршка на тимот за развој на апликации (креирање на DB објекти, оптимизирање на query-а, … )
Унапредување на Oracle релевантни оперативни процеси.
Вие сте одличен кандидат доколку сакате да бидете дел од нашиот тим и ги имате следните квалификации и вештини:

Високо образование (VI-A степен според националната образовна класификација);
Најмалку 3 (три) години работно искуство со одржување на Oracle бази на податоци во Unix опкружување;
Познавањe на PL/SQL;
Практичното искуство со Forms/Reports server и Weblogic ќе се смета како предност;
Солидно познавање на англиски јазик;
Способност и желба за тимско работење;
Пожелна е вештина и способност за одлична организација на работењето и запазување на зададени рокови.
Општи правила за пријавување:

Сите заинтересирани кандидати нека испратат своја биографија (CV) на следната е-адреса: [email protected]

 

Крајниот рок за пријавување е 30.11.2023 год.

Изборот на кандидат ќе се изврши во период од најмногу 30 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Со испраќањето на Вашата биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп и истите да бидат зачувани во базата на податоци на Македонија осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп најмалку за времетраењето на изборот на работник.

Сите пристигнати биографии ќе се обработуваат со најголемо внимание и доверливост и нема да се споделуваат со трети страни.
Архива на огласи
Оглас за вработување на ORACLE DBA
20/05/2022Оглас за вработување на ORACLE DBA Приклучи се на тимот со кој знаеш дека си сигурен МАКЕДОНИЈА oсигурување – Виена Иншуренс Груп вработува Orac…

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ Оглас за вработување на ОВЛАСТЕН РЕВИЗОР
07/07/2022Оглас за вработување на ОВЛАСТЕН РЕВИЗОР Приклучи се на тимот со кој знаеш дека си сигурен МАКЕДОНИЈА oсигурување – Виена Иншуренс Груп вработува…

 

Тагирано со: ,