Платена пракса за back-end и имплементација на AI

  • пракса
  • Скопје
  • Аплицирањето е завршено
IWM Network

Веб-страница IWM Network

Компанија која нуди широк спектар на ИКТ услуги.

IWM Network има две отворени позиции за практиканти со фокус на back-end (Java) и имплементација на модели на вештачка интелигенција како оние на OpenAI. Програмата за пракса е на 3 месечен период со можност за продолжување на соработката. Идеалниот кандидат кој го бараме има иницијални познавања од развој на back-end системи и има добро теоретско познавање на основите на вештачка интелигенција, а задолжително има експериментирано со LLM моделите како ChatGPT.

Позицијата вклучува работа на SaaS продукт на IWM Network кој е во постоечка и функционална бета фаза. Бараме вредни и дисциплинирани луѓе кои ќе се приклучат и ќе учат од постоечки тим и ќе работат на подобрување на продуктот, искористувајќи ги последните технологии и веб стандарди.

Канцеларијата е во самиот центар на Скопје. Моделот на работа е хибриден и по договор.

IWM Network е ИТ компанија основана во 2008 година со повеќе од 150 клиенти во своето портфолио. Решенијата изработени од страна на компанијата се користени од страна на милиони корисници во повеќе сектори. Компанијата во своја сопственост ги има IT.mk, креативната и наградувана агенција Glitch, премиум хостинг платформата xoCluster, и има стратешки партнерства со компании како Zero Science Lab. Како клиенти на компанијата се водат А1 Македонија, CloudCheck, McDonalds, A1 Croatia, Fusion Capital, Chaarat, A1 Serbia, ASSIA Inc., CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ProCredit банка, Бадел 1862 и многу други…

Позицијата не е наменета за почетници без никакви познавања на технологиите.

Што би работеле?

  • Развој на back-end функционалности за продукт кој е во постоечка бета фаза;
  • Имплементација на AI модели;
  • Дизајн, развој, ажурирање на Saas апликација;
  • Директна и тимска работа со инжинери, продукт менаџери pri создавање на функционален софтвер;

Потребни познавања:

  • Искуство или знаење со развој на софтвер,
  • Разбирање на нефункционални барања (достапност, скалабилност, поддршка, интероперабилност),
  • Познавање на Java,
  • Базично познавање на React/React Native,
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Услови за работа:

  • Платена пракса,
  • Флексибилно работно време со хибриден модел на работа,
  • Почитување на work/life баланс,
  • Работна атмосфера во која се почитува преземање на одговорност и исполнување на задачи,
  • Можности за бонуси,
  • Пријателска, тимска и колегијална атмосфера со филозофија на хоризонтален менаџмент.

При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши дипломски, сопствени проекти или проекти на кои сте работеле. Доколку сте ограничени со NDA, објаснете го вашиот придонес во проектот без именување. Стандардно CV воопшто не е потребно за апликација на оваа позиција, можете да аплицирате само со линк до Github, ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.

Рокот за пријавување е до 1 јуни, 2023 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат критериумите.