Full-stack девелопер (Mid-level)

  • вработување
  • од дома
  • хонорарно
  • Скопје
  • Аплицирањето е завршено
IWM Network

Веб-страница IWM Network

Компанија која нуди широк спектар на ИКТ услуги.

IWM Network има отворена позиција за Full-stack девелопер со добро познавање на React или React Native. Идеалниот кандидат кој го бараме е mid-level девелопер со минимум 2 години React искуство.

Позицијата вклучува работа на SaaS продукт на IWM Network кој е во постоечка и функционална бета фаза. Бараме вредни и дисциплинирани луѓе кои имаат желба да се приклучат на постоечки тим и да работат на финализирање на продуктот, искористувајќи и последните технологии  како на пр. продукти на OpenAI, ML и сл. и веб стандарди.

Канцеларијата е во самиот центар на Скопје. Моделот на работа е хибриден.

IWM Network е ИТ компанија основана во 2008 година со повеќе од 150 клиенти во своето портфолио. Решенијата изработени од страна на компанијата се користени од страна на милиони корисници во повеќе сектори. Компанијата во своја сопственост ги има IT.mk, креативната и наградувана агенција Glitch, премиум хостинг платформата xoCluster, и има стратешки партнерства со компании како Zero Science Lab. Како клиенти на компанијата се водат А1 Македонија, CloudCheck, McDonalds, A1 Croatia, Fusion Capital, Chaarat, A1 Serbia, ASSIA Inc., CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ProCredit банка, Бадел 1862 и многу други…

Позицијата е отворена за секој девелопер со барем две години искуство (се вбројува и фриленс работа или работа на лични проекти). Позицијата не е наменета за почетници или практиканти.

Што би работеле?

  • Развој на продукт кој е во постоечка бета фаза;
  • Дизајн, развој, ажурирање и оддржување на custom front-end апликации;
  • Интеграција со 3rd party системи;
  • Директна и тимска работа со инжинери, продукт менаџери и инвеститори за создавање на функционален софтвер;
  • Скалирање и оптимизација на постоечки процеси;

Потребни познавања:

  • Докажано искуство со развој на софтвер,
  • Разбирање на нефункционални барања (достапност, скалабилност, поддршка, интероперабилност),
  • Познавање на React/React Native,
  • Искуство со други JavaScript frameworks е плус,
  • Искуство со CD/CI,
  • Базично познавање на технологии како Kubernetes, Docker… сè друго е плус,
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Услови за работа:

  • Kомпетитивна плата (одредена зависно од способностите на кандидатот),
  • Флексибилно работно време со хибриден модел на работа,
  • Почитување на work/life баланс,
  • Работна атмосфера во која се почитува преземање на одговорност и исполнување на задачи,
  • Можности за бонуси,
  • Пријателска, тимска и колегијална атмосфера со филозофија на хоризонтален менаџмент.
  • Можност за вработување и хонорарен ангажман – зависно од желбата на кандидатот. За хонорарно аплицирање баран ангажман е 20 работни часа неделно, додека за вработување 40.

При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши проекти или проекти на кои сте работеле. Доколку сте ограничени со NDA, објаснете го вашиот придонес во проектот без именување. Стандардно CV воопшто не е потребно за апликација на оваа позиција, можете да аплицирате само со линк до Github, ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.

Рокот за пријавување е до 05 февруари, 2023 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат критериумите.

Тагирано со: ,