Програмер почетник

  • вработување
  • Скопје
  • Аплицирањето е завршено

Комуна.дев бара програмер почетник, за работа во тимот на техничка поддршка.

Веб апликацијата на која што работиме e комплексна платформа за афилиејт маркетинг, која што ја развиваме изминатите 7 години. Моментално тимот брои 16 луѓе во Македонија и 10-тина луѓе во Холандија.

Платформата се користи за генерирање на маркетинг лидови и нивна дистрибуција до клиенти. Најчесто клиентите се крипто берзи, но работиме и со клиенти од други индустрии.

Работата, во првите 2-3 месеци е во голем дел техничка поддршка, понатаму како луѓето ја учат платформата и системот, добиваат повеќе програмерски задачи, и се прфлаат да работат второ ниво на поддршка.

Клиентите за кои што работиме се од Холандија и Израел.

Работното време за прва смена е од 9:00 до 17:00 со доза на флексибилност.
Еднаш во неделата се работи втора смена, од 16:00 до 22:00 (6 часа).

Работа од дома е дозволена, после првите неколку месеци на адаптација.

Потребни квалификации:
– добро познавање на концепти од областа на програмирање и датабази
– аналитички вештини
– способност за пристојна комуникација со клиенти, дури и во стресни ситуации
– високо ниво на англиски јазик (пишано и разговорно)

Бонус вештини:
– претходно искуство со PHP, MySQL и Laravel

Пријава на: [email protected]

Во пријавата, наведете за која работна позиција аплицирате.

Тагирано со: , ,