IWM Network има отворена позиција за React JS девелопер (junior) со добро познавање или желба за изучување на React. Идеалниот кандидат кој го бараме е junior-level front-end девелопер со добри практики за пишување код со минимум 2 години работно искуство, се вбројува и фриленс и хонорарна работа.
Позицијата вклучува работа на SaaS продукт на IWM Network кој е во постоечка и функционална бета фаза. Бараме вредни и дисциплинирани луѓе кои имаат желба да се приклучат на постоечки тим и да работат на финализирање на продуктот, искористувајќи и последните технологии и веб стандарди.
Канцеларијата е во самиот центар на Скопје. Моделот на работа е хибриден.
IWM Network е ИТ компанија основана во 2008 година со повеќе од 150 клиенти во своето портфолио. Решенијата изработени од страна на компанијата се користени од страна на милиони корисници во повеќе сектори. Компанијата во своја сопственост ги има IT.mk, креативната и наградувана агенција Glitch, премиум хостинг платформата xoCluster, и има стратешки партнерства со компании како Zero Science Lab. Како клиенти на компанијата се водат А1 Македонија, CloudCheck, McDonalds, A1 Croatia, Fusion Capital, Chaarat, A1 Serbia, ASSIA Inc., CyanogenMod, Тиквеш Винарија, ProCredit банка, Бадел 1862 и многу други…
Позицијата е отворена за секој девелопер со барем две години работно искуство во front-end (се вбројува и фриленс работа или работа на лични проекти), или за оние кои сметаат дека се навистина подготвени за работа. :)
Позицијата не е наменета за почетници без технички познавања на технологиите или практиканти.
Што би работеле?
- Развој на продукт кој е во постоечка бета фаза;
- Дизајн, развој, ажурирање и оддржување на custom front-end апликации;
- Директна и тимска работа со инжинери, продукт менаџери и инвеститори за создавање на функционален софтвер;
Потребни познавања:
- Докажано искуство или знаење со развој на софтвер,
- Разбирање на нефункционални барања (достапност, скалабилност, поддршка, интероперабилност),
- Базично познавање на React/React Native,
- Искуство со други JavaScript frameworks е плус,
- Искуство со MUI е голем плус,
- Одлично познавање на англиски јазик.
Услови за работа:
- Kомпетитивна плата (одредена зависно од способностите на кандидатот),
- Флексибилно работно време со хибриден модел на работа,
- Почитување на work/life баланс,
- Работна атмосфера во која се почитува преземање на одговорност и исполнување на задачи,
- Можности за бонуси,
- Пријателска, тимска и колегијална атмосфера со филозофија на хоризонтален менаџмент.
- Можност за вработување и хонорарен ангажман – зависно од желбата на кандидатот. За хонорарно аплицирање баран ангажман е 20 работни часа неделно, додека за вработување 40.
При процесот на аплицирање ве молиме посочете ваши проекти или проекти на кои сте работеле. Доколку сте ограничени со NDA, објаснете го вашиот придонес во проектот без именување. Стандардно CV воопшто не е потребно за апликација на оваа позиција, можете да аплицирате само со линк до Github, ваше портфолио или ваш проект доколку сметате дека истите ќе бидат прецизни во објаснување на вашите способности.
Рокот за пријавување е до 20 јануари, 2023 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат критериумите.