Инженер за техничка поддршка

  • вработување
  • Скопје
  • Аплицирањето е завршено

Комуна.дев бара инженер за техничка поддршка. Софтверот на кој што работиме е веб апликација за афилиејт маркетинг за крипто берзи.

Комуникацијата во главно се одвива преку чет канали и Џира тикети. До сега техничката поддршка ја работеа програмери. Во иднина работиме на тоа да ги автоматизираме репетитивните задачи и да може да ги дадеме на човек без програмерски вештини.

Тимот брои 12 луѓе во Македонија и уште 10-тина во Холандија.

Клиентите за кои што работиме се од Холандија и Израел. Работното време е од 9 до 17 со доза на флексибилност. Работа од дома е дозволена, после првите неколку месеци на адаптација. Викенди не се работат.

Потребни квалификации:
– одлично познавање на англиски јазик
– способност за пристојна комуникација со клиенти, дури и во стресни ситуации
– претходно искуство во областа на техничка поддршка
– аналитички вештини
– општо познавање и снаоѓање во информациски системи

Бонус вештини:
– претходно работно искуство со афилиејт маркетинг

Пријава на: [email protected]

Тагирано со: