За вработување во сектор за ИТ на МРЕЖЕН АДМИНИСТРАТОР

  • вработување
  • Од каде било
  • Оваа позиција е означена како пополнета од работодавачот.
Стопанска Банка АД - Скопје

Веб-страница Стопанска Банка АД - Скопје

Работното место опфаќа:

  • Конфигурација и одржување на мрежни уреди и комуникациски врски
  • Мониторинг, контрола и оптимизација на перформансите на комуникациските врски
  • Дефинирање на права на пристап на корисниците на мрежно ниво
  • Имплементација и одржување на безбедност на мрежата
  • Конфигурација и мониторинг на хардверски и софтверски огнени ѕидови
  • Конфигурација и мониторинг на мрежни уреди за детекција на упади

Потребни квалификации:

  • Искуство во одржување на Cisco и HP мрежни уреди
  • Искуство во одржување на комуникациски врски и мрежни адресни шеми, мониторинг и оптимизација на перформанси на комуникациски врски
  • Искуство во дефинирање на права на пристап на мрежно ниво и безбедност на компјутерски мрежи
  • Завршено соодветно високо образование
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работно искуство од најмалку 3 години во областа

Работата е со полно работно време, 40 часа неделно. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи и нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можности за професионален напредок.

Кратка биографија може да се достави онлајн на http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку e-mail до [email protected], или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место се аплицира. Лице за контакт: Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати. Селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.