Веб-страница Концептива
Helping companies deliver effective training
→ За нас
Концептива е EdTech / HRTech стартап со визија да го револуционизира пристапот кон учењето со помош на најновите технологии.
Првиот продукт кој го развиваме е Coach – мобилна апликација за поефикасни корпоративни обуки. Coach им овозможува на големите компании побрзо и подобро да ги обучат своите вработени и да ја зголемат продажбата.
Нашите канцеларии се во Скопје, иако за време на Ковид19 кризата практикуваме работа од домa.
→ Потребно претходно искуство / технологии
◦ 2+ години работно искуство како DevOps engineer
◦ Одлично познавање на воспоставување CI/CD pipelines (користиме Gitlab за повеќето околини и Fastlane за апликацијата)
◦ Солидно познавање на сетапирање и одржување различни серверски околини (Linux-based)
◦ Познавање на AWS е голем плус (поспецифично S3, EC2, RDS, Cloudfront)
→ Поволности
◦ Компетитивна компензација со регуларни performance reviews на секои 3 или 6 месеци со можност за покачување на платата. Почетната плата зависи директно од способностите на кандидатот.
◦ Бонуси за одличен напредок / придонес
◦ Можност за флексибилно работно време
◦ Динамична стартап околина, работа во помал тим каде секој има простор за голем импакт и за учење на нови работи