Веб-страница Концептива
Helping companies deliver effective training
→ За нас
Концептива е EdTech / HRTech стартап со визија да го револуционизира пристапот кон учењето со помош на најновите технологии.
Првиот продукт кој го развиваме е Coach – мобилна апликација за поефикасни корпоративни обуки. Coach им овозможува на големите компании побрзо и подобро да ги обучат своите вработени и да ја зголемат продажбата.
Нашите канцеларии се во Скопје, иако за време на Ковид19 кризата практикуваме работа од домa.
→ Потребно претходно искуство / технологии
◦ Солидно познавање на сите слоеви од еден веб систем – моделирање и работа со датабази (користиме релациона база и верзионирање со Flyway), развивање RESTful APIs, развивање frontend со React, state management (користиме Redux).
◦ 4+ години работно искуство, барем 1 година React.js и Java Spring. Пожелно е искуството да е full-stack, но ако мора да претежнува на една страна – нека биде накај backend.
◦ Солидни познавања од архитектури на софверски решенија
◦ Познавања на best practices за развој на софтвер и колаборација, пишување testable код, работа по agile методологија
→ Поволности
◦ Компетитивна компензација со регуларни performance reviews на секои 3 или 6 месеци со можност за покачување на платата. Почетната плата зависи директно од способностите на кандидатот.
◦ Бонуси за одличен напредок / придонес
◦ Можност за флексибилно работно време
◦ Динамична стартап околина, работа во помал тим каде секој има простор за голем импакт и за учење на нови работи