Стартува Евтино.мк, првиот .мк агрегатор на групни попусти

Не требаше многу да се чека за да го видиме првиот .мк агрегатор на групни попусти. Евтино.мк е проект на Даниел Брзанов, веб дизајнер и веб програмер, кој вели дека иако проектот е во алфа, го стартува заради текстот што го објавивме, иако требало да се доразвие малку да се додадат понудите од другите сервиси за групни попусти.

Според Даниел, јасно е дека групното купување станува популарен тренд и во Македонија. Повеќето негови пријатели купуваат купони често.

„Сајтот ќе биде корисен бидејќи тука ќе може полесно да се најдат дневните понуди од разните сајтови.“

Во моментот Евтино.мк е во алфа, првична фаза и ги агрегира понудите од Kolektiva и Grouper, наскоро ќе бидат додадени и од другите 4 сервиса, а можеби и уште. „Да се надеваме дека ќе има уште нови сервиси.“, вели Даниел.

Сервисите за групно купување нудат дневни попусти на локални зделки. Потребно е да се соберат доволн број луѓе за тој попуст да успее, во спротивен случај се враќаат парите. За да ги промовираат тие дневни зделки сајтовите најчесто користат имејл пораки да ги презентираат на корисниците, доколку заинтересираните корисниците не ги посетуваат сајтовите секој ден. Но, во моментов во Македонија има 6, што отвара врата за агрегатор на тие понуди. Наместо да се посетуваат шест сајта и прелисутваат понуди, вие имате еден агрегатор кој ги собира сите понуди, налик на агрегаторите за вести.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

*

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>