#StartapSelfie со Френк Нојригат, и што тој мисли за македонската стартап сцена

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Пролетта дојде, како и вториот дел од #StartupSelfie со Френк Нојригат во кој се фокусираме на неговата работа со #MKStartups заедницата, во двете недели додека тој беше тука. Во претходниот пост Френк зборуваше за неговата приказна со #StartupWeekend и неговиот нов стартап Recorp. Имав чест да работам со него додека тој беше во Скопје, благодарение на SECO Entrepreneurship Programme што е имплементирана од Swisscontact. Неговиот распоред беше навистина исполнет, од работилници со стартапи, до 1 на 1 менторства, средби со претприемачи, запознавање со студенти, и посети на други градови во земјата… но, успеавме да најдеме време на кафе во кафуле на брегот на Охридското езеро и да зборуваме за неговото искуство до сега.

„Немав никакви очекувања кога дојдов, во смисла на еко-систем, тука бев да набљудувам и сакав да дојдам со отворен ум. Стартап сцената е навистина млада и малку неповрзана. На првата работилница се обидов да го мапирам локалниот систем и започнавме од таму. Бев импресиониран од бројот на актерите на сцената и од квалитетот на нивната работа тука. Исто, сакам да се запознавам со претприемачи, па запознавањето на секоја етапа на оваа претприемничко патување ми даде шанса да изградам архетип на македонските успешни приказни“.

12802737_10156595166440254_7418348572207653510_n

И покрај неговиот зафатен распоред успеавме да организираме неколку стартап работилници преку Brainster, што беше поддршка за локален стартап. Покрај поддршка за заедницата, тој гостуваше и на неколку настани како Silicon Drinkabout, Funky Coworking и на онлајн подкастот #комкаст; Френк се запозна и работеше скоро со сите луѓе што се вклучени во локалниот еко-систем и тоа не само во Скопје, туку и во Тетово, Битола, Охрид…

„Мислам дека можам да ја ставам Македонија и остатокот од Балкан на светската стартап мапа, и не би бил изненаден да видам значителни промени во претприемачката култура во регионот. Разликата во плати оди во корист на Македонија, бидејќи има потенцијал за развој на следната генерација на девелоперски лаборатории. Истата таа платежна разлика ги тера младите да одат надвор од земјата, и е важно да се остане поврзан со дијаспората додека се привлекуваат некои надворешни умови во земјата. Забавувајте се, волoнтирајте да направите повеќе настани. Би им предложил на студентите да пробараат претприемништво и да се запознаат со локалниот стартапи екосистем!“, вели Френк.

И благодарение на SECO Entrepreneurship Programme на Swisscontact, го имаме извештајот на Френк за стартапите во Македонија. Од тоа што го забележав, тој навистина сака да ја поврзе и промовира. Сега, #MKStartup заедницата треба да покаже дека има волја и да размисли за овие препораки, за да може да се развие стартап култура барем слична на таа во Естонија. И додека зборуваме за Естонија, имам уште приказни кои доаѓаат од Талин во следниве денови. Можеби некои од нив ќе ви бидат инспирација. :)

2 коментари на “#StartapSelfie со Френк Нојригат, и што тој мисли за македонската стартап сцена

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*