Пристига групното купување во Македонија со Колектива

„Со влегување на Колектива на пазарот, се прави револуција. Тогаш реално започнува е-трговијата да тече, бидејќи се појавуваат многу веб сервиси и бизниси кои можат да функционираат со сајт за колективно купување“, вели тој.

На кратко објаснето: локален бизнис, пример пицерија, преку Колектива ќе даде 50% попуст на своите пици, но само доколку се соберат, пример, 20 заинтересирани потрошувачи. Заинтересираните потрошувачи купуваат купон за пицата преку Колектива, која не наплаќа веднаш, туку ги резервира парите. Доколку се соберат 20 луѓе, тогаш попустот е успешен и сите со купон добиваат 50% поефтина пица. Доколку нема 20 заинтересирани кои ќе се понудат за купон, тогаш попустот е неуспешен и парите им се враќаат на сите кои претходно резервирале.

Покрај попусти за корисниците, придобивката за локалните бизниси е што сервисот за групно купување им носи нови потрошувачи, добиваат куп сигурни потрошувачи и делува како поефтина и сигурна реклама. Kолектива од својата страна зема мал процент од продажбата.

Сервисите за групно купување се покажуваат како успешни и во западните и во балканските земји. Неодамна во САД две-години-стариот Groupon одби да се продаде на Google за 6 милијарди долари, верувајќи дека има повеќе потенцијал и вредност. Во Шпанија тазе стартуваниот Groupalia пријави 3 милиони долари приходи само за декември. А што се однесува на Балканот, хрватската Колектива веќе има над 44.000 продадени купони од стартувањето во јануари 2010-та.

Колектива е дел од Rebate мрежата која има вакви сајтови за е-трговија во 25 земји и над 280 града. Сервисите се под различни имиња заради различниот пазар, додека со името „Колектива“ се појавува во Хрватска, Србија, Бугарија, Словенија.

5 коментари на “Пристига групното купување во Македонија со Колектива

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*