Најдобрите македонски стартапи за 2015-та

Во светот се зборува за интернет на нештата, виртуелна реалност, паметни домови, дронови, роботи и автономни автомобили. И во Македонија си имаме свои предизвици. И свои успеси на кои треба да се гордее оваа млада технолошка сцена која допрва заживува, предизвикана од глобалните трендови, а игнорирана од локалниот менталитет. Најважно за нас сепак се стартапите, бидејќи една технолошката сцена вреди толку колку што е иновативна. Без иновација, нема напредок, и стартапите со сите свои луди, неверојатни и мегаломански идеи сепак носат свежина во размислувањето. Некои од нив, во целиот хаос успеваат да претстават вистински продукти кои имаат вредност и потенцијал да се натпреваруваат на глобалниот пазар. Ова се најдобрите стартапи кои ни оставија впечаток во 2015-та година, по случаен редослед. Можно е да сме изоставиле некoj, no hard feelings.

Најдобрите за 2015-та…

Fueloyal е најиновативниот македонски стартап за 2015-та година кој привлече инвестиции од неколку стотици илјади долари. Или барем ние сакаме да веруваме дека е македонски, бидејќи еден од основачите, Игор Христов од 4Virtus, е Македонец. Другиот основач Јурица Магочи е од Хрватска, а компанијата е префрлена во Илиноис, САД, каде ги таргетира тамошните камионски превозници. Но, овој стартап е перфектен пример за тоа како може да се стартува од тука. Не може да го освоите светот без партнери, и без пристап до поголеми пазари. Fueloyal исто така e еден од првите македонски стартапи кои работат со Интернет на нештата (IоТ).

Не верувам дека ќе видиме повторно како парламентарците во Собрание мавтаат со скриншот од македонска апликација. Иако не е стартап, ниту е воопшто бизнис, МојВоздух заслужува почесно место на листава. Благодарение на оваа апликација, која креаторот Горјан Јовановски вели ја започнал за да научи да програмира во Android, имаме бунт против загадениот воздух, имавме протести и поголема еколошка свест. Тоа што ја прави апликацијата важна за македонските стартапи е што покажа дека може да се користат отворените податоци за да се направи нешто корисно.

Gorjan Jovanovski каква фаца си, од двете страни те плаќаат, ПРИЗНАЈ! :D

Posted by Emir Al-Kafagi on Tuesday, December 15, 2015

U:Plug е уште еден фантастичен стартап од… Ок, и U:plug технички е хрватска компанија, но е ко-основана од Митко Цабевски, кој во последниве години игра огромна улога во македонската стартап заедница. U:plug има добиено стотици илјади евра за да почне да го продава својот паметен штекер.

Brainster е платформа за споделување на практично знаење. Секој може да стане предавач, да стартува курс, и секој може да научи нешто ново, на било кое место во градот. Целта им е да го претворат цело Скопје во училница, иако веќе имаат планови да се прошират во Атина каде имаат акцелератор како партнер, и можеби во Софија и Берлин. Стартапот доби инвестиција од CEED клубот на бизнис ангели за да стартува онлајн платформа за кратки курсеви, WeLrn, но додека се работи на тој продукт, го стартуваа Brainster.

Тимот на Brainster и Pogon, кои помогнаа со брендингот и сајтот

Тимот на Brainster и Pogon, кои помогнаа со брендингот и сајтот

Lynx.press иако е WordPress додаток креиран од Venikom; сепак се работи за фантастична идеја со која секој сајт станува елегантна апликација преку која може да се пласираат реклами и да се заработува од претплата на содржината. „Мобилно“ е најважниот збор во ИТ индустријата во моментов, и Lynx.press им нуди можност на блогерите и издавачите да се претстават со добра дизајнирана мобилна апликација.

lynxpress

GG.mk е гејминг шоу со над 100.000 прегледи на своите стримови. Откако се двоумеа за телевизија, GG.mk започна да стрима на Twitch каде ја пронајдоа вистинската публика. Емисијата е еден од првите македонски видео подкасти, иако, кој прв почна?, тие или нашиот #ИТН подкаст ќе остане да се дебатира.

Го избравме Mark0 и покрај тоа што вакви to-do потсетници има еден куп. Но, оваа MarkO на CodeWell е меѓу првите македонски апликации кои направија верзија за паметните часовници, поточно за Android Wear. Апликацијата се најде на неколку регионални финалиња, и привлече интерес од холандски акцелератор.

marko

Take an Ad е платформа на маркетинг агенцијата IM.mk за лесно креирање на Facebook реклами. Сервисот сè уште не е официјално стартуван, но има огромен потенцијал бидејќи бизнисите допрва се освестуваат за моќта на спонзорираната содржина на Facebook.

10405479_1570739693164446_4575810337987396694_n

Modular e еден од ретките македонски стартапи кој се занимава со уметност, и еден од ретките кој сака да користи 3Д принтер за изработка на персонализирани објекти и украси. Стартапот во декември доби грант од 30.000 евра од Фондот за иновации.

Mobidonia е стартап кој сака да ви помогне да направите кул мобилни апликации за iOS и Android. И тој е еден од стартапите кој доби 30.000 евра од Фондот за иновации. Исто така тој е во групата на неколкуте стартапи кои работата на тоа да им помогнат на корисниците сами да си креираат свои апликации, сервиси и сајтови. Webstrian е сличен македонски сервис, но за креирање на сајтови.

mobidonia

Raining Blobs е само втората македонска игра која успее да се најде на рафтовите за продажба на Steam, најголемата продавница за игри. Успехот е поголем бидејќи се работи за мал тим предводен од Енди Мијолкоски, и за игра која мораше да биде одобрена од гејминг заедницата на Steam пред да почне со продажба.

Иако има еден куп вакви едукативни апликации за деца, Умко.мк се издвојува од другите конкуренти бидејќи има вистински бизнис план кој може да функционира благодарение на одличните игри, и секако, одличниот дизајн на Небојша Гелевски – Кома.

3-screens-umko

Coffice е стартап за стартапи, поточно се работи за co-working простор, и иако не е меѓу првите во Скопје, сепак е еден од ретките и поновите простори во кој стартапи, фриленсери и дизајнери може да изнајмат маси и да работат. Co-working просторите се хит во светот бидејќи отвараат врати за вмрежување на луѓе со ист интерес и нови идеи.

10987757_470958406397101_2800085343706371010_o

Girls in Tech Macedonia е глобална организација, и не треба да се споредува со стартапи. Но, водена e од девојки кои се активни во стартап заедницата и кои можат да ги мотивираат девојките да бидат основачи на стартапи, и да внесат свежи и креативни идеи во локалната заедница, која е доминирана од машките.

12304361_1625077734409886_1422846996033340542_o

Контроверзен избор секако! Но, Град Скопје игра улога на стартап. Иако со барокни фасади, Скопје се обидува да биде попаметен и технолошки-модерен град. Се воведуваат електронски билети во автобусите, има апликации за возење велосипед, се поставуваат електрични полначи и се нарачуваат електрични возила за службениците. Градот ги има истите предизвици како и секој друг стартап – да најде иновативни решенија кои ќе им ги продаде на своите корисници за да бидат поефикасни.

elpolnacskopje

Што не очекува во 2016-та?

  • Поголема гужва на стартап настаните. Silicon Drinkabout Skopje, Bear and Code, Startup Weekeend, Startup Grind Skopje… овие се меѓу најпопуларните настани и дружби меѓу стартап ентузијастите и инвеститорите. Но, како што „стартап“ станува се популарен збор деновиве, така и повеќе луѓе ќе сакаат да дознаат нешто повеќе.
  • Повеќе инвеститори. Балканот станува забавно место за инвеститорите, и веќе имаме фонд од 40 милиони евра кој отвори канцеларии во Скопје во потрага по локални стартапи. Имаме и државен Фонд за иновации. Прашањето е само што ќе се прави со толку многу пари?
  • Македонски Netflix сервиси. Предводник е Pickbox, кој не е стартап, туку регионална мрежа на video-on-demand сервиси која влезе во партнерство со Tелеком за дистрибуција на својата претплатничка содржина.
  • Oчекувајте македонските телевизии да имаат интеракција со друштвените мрежи. Во 2015-та имаше еден момент кој ги предвиде овие промени.
  • Нови мобилни сервиси благодарение на 4G. Сè уште немаме мобилни сервиси кои ќе ги искористат брзините на 4G мрежата, но со спојување на One и Vip, добиваме два мобилни гиганти кои ќе се натпреваруваат за вашите пари. Очекувајте 4G да игра голема улога во тој натпревар помеѓу one.Vip и Телеком.
  • Финансиски сервиси. Македонските банки го форсираат е-банкарството што отвара простор на финансиски сервиси, мобилни апликации и други иновативни начини за плаќање и менаџирање на пари.
  • Македонски IoT сервиси. Интернет на нештата е the next big thing, и Македонија не е исклучена од таа (р)еволуција на паметните уреди кои комуницираат меѓу себе. Најдобар пример е Business Wall of Fame натпреварот на кој се пријавија неколку локални IoT сервиси.
  • Повеќе кинески производи. Ако локалните е-трговци не може да се снајдат, тогаш направете им простор на кинеските трговци. Дури 90 отсто од сите онлајн нарачки доаѓаат од Кина.
  • Сервиси со отворени податоци. МојВоздух покажа дека отворените податоци се важни, а веќе имаме натпревари на кои гледаме кул апликации.
  • Попаметни такси компании? Иако слушаме за популарноста на Uber, и иако имаме локални обиди на такси апликации, сепак сум скептик бидејќи таксистите се доста конзервативни бизнисмени. Но, оваа индустрија дефинитивно ќе се промени поради апликациите. Прашањето е кога точно?

4 коментари на “Најдобрите македонски стартапи за 2015-та

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*