ИТ настан: Стартап работилница со ко-основачот на Startup Weekend

Македонските стартапи имаат шанса да дознаат некои совети и трикови од Френк Нојригат, ко-основач на Startup Weekend, кој е во Македонија на работна посета. Г. Нојригат во 2009-та година го ко-основа Startup Weekend, дводневен хакатон кој стана глобален стартап настан во 150 земји, вклучувајќи ја и Македонија.

Тој на бесплатна работилница, организирана преку едукативната платформа Brainster, ќе го сподели своето искуство за започнување на бизнис, како и менторство за македонските стартапи кои сакаат да прераснат во интернационална компанија. Работилницата е закажана за 7-ми март, и иако е бесплатна, сепак има ограничени места и селекција на стартапите кои ќе се пријават.

Темите на кои ќе се дискутира се лекциите кои г. Нојригат ги научи од Startup Weekend и Startup America; за вистинските предизвици на секој стартап кој сака да развие оддржлив бизнис план; како тој план да го претстави пред интернационална публика и како може една стартап заедница да соработува меѓу себе. Г. Нојригат доаѓа во Македонија како експерт за стартапи во соработка со SECO Entrepreneurship Programme на Владата на Швајцарија, имплементирана од SwissContact.

Подолу е интервју со г. Нојригат на видео подкастот #Комкаст:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*