ИТ настан: Ask me Anything сесија со Татјана Забасу, инвеститор од South Central Ventures

Што е venture capital? Во какви стартапи се инвестира? Колку пари? Дали е поважен тимот или продуктот? А што е воопшто инвеститор!?

Сите овие прашања и други ќе може да ги поставите во Ask Me Anything (AMA) сесија со Татјана Забасу, инвеститор и директор на канцеларијата во Скопје на South Central Ventures. Ова е инвестициски фонд од 40 милиони евра кој од неодамна отвори канцеларии во Скопје, Белград и Загреб во потрага по иновативни стартапи во кои ќе инвестираат од 100.000 до 3 милиони евра. Од претходниот разговор со г-ѓа. Забасу, дознавме дека South Central Ventures бара амбициозни стартапи што сакаат да го освојат светот, но првин ќе треба да го убедат фондот дека вреди да се инвестира во нив.

Настанот е отворен за сите стартапи и технолошки компании кои сакаат да дознаат повеќе за venture capital инвестиции и за самиот фонд, кој сака да најде локални стартапи со продукт што ќе може да се продава глобално. AMA сесијата ќе се одржи на 20-ти јануари, среда, со почеток од 17:30 часот во Seavus Incubator. Потребно е само да се регистрирате до 19-ти јануари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*