Facebook има 604 милиони мобилни корисници, вели независен аналитичар

Бенедикт Еванс е независен аналитичар кој на својот сајт објави детален преглед на користеноста на Facebook преку мобилните уреди. Податоците на г. Еванс се до октомври 2012 година и неговите информации се најнови. Според него, Facebook има 1,07 милијарда корисници, од кои дури 604 милиони пристапуваат користејќи некоја од мобилните платформи. Или поточно, 470 милиони корисници пристапуваат преку некоја од мобилните апликации, а останатите пристапуваат преку некој веб прелистувач.

Според уредите преку кои пристапуваат корисниците, најмногу се корисници на некој Apple продукт, односно 140 милиони iPhone корисници и 45 милиони од iPad. Но, Android не заостанува многу, бројката на Android корисници е 175 милиони, а истата секојдневно се зголемува. Од Blackberry пристапуваат 60 милиони корисници, додека Windows Phone и Nokia имаат минимални бројки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*