Добредојде Netflix во Македонија

Се чини дека едно од нашите предвидувања за 2016-та се оствари малку порано. Всушност, никој не очекуваше дека Netflix, еден од најпопуларните video-on-demand сервиси со околу 69 милиони претплатници ширум светот, ќе пристигне и во Македонија. Но, за претплата од 8 евра сега сите македонски корисници имаат пристап до популарни ТВ шоуа и филмови кои можат да ги гледаат на лаптоп, телевизор, телефон или таблет компјутер.

Netflix дефинитивно претставува сериозна конкуренција за македонските провајдери на дигитална телевизија, вклучувајќи и некои локални vod сервиси како Pickbox кои од неодамна влегоа на македонскиот пазар. Но, без грижа! МаxTV, BoomTV, Blizoo и другите нема да останат без гледачи бидејќи Netflix не нуди балкански канали, ниту спортски, што се главните причини зошто сè уште имате телевизор дома.

netflix

Што добивате со Netflix? Предноста на овој сервис е што дистрибуира содржина на телевизор, телефони, лаптопи, PlayStation и Xbox. Netflix е еден од водечките video-on-demand сервиси во светот бидејќи има листа со едни од најпопуларните филмови и TВ шоуа, иако листата во Македонија може да биде малку пократка од таа во САД и да ги нема најновите епизоди или сезони. Потребен ви е само солиден интернет за да може да се стримаат видеата, пoсебно тие во HD квалитет доколку ја одберете претплатата од 10 евра. Но, иако Netflix има фантастични шоуа, на пример Brеaking Bad, House М.D., Peaky Blinders (едно од нашите омилени), Blacklist… и многу, многу други; сепак има ограничена листа која постепено ја надополнуваат. Netflix е одличен сервис, но кога содржината е во прашање се натпреварува со HBO кој е достапен за половина од цената, пример за околу 300 денари на Max TV. Разликата е што HBO барем во Македонија засега може да го гледате само на ТВ, додека Netflix стрима содржина на различни уреди.

Сега со Netlflix конечно може да поставиме едно интересно прашање. Ние сме зависници од телевизија со регионална содржина: турски серии, српски розеви естради, реалити емисии, итн, итн… Поради ова, нема да погрешиме ако кажеме дека сите дома имаме телевизор, и сме претплатници на некој од локалните провајдери кои нудат балканска содржина. Сепак сега со Netflix, Pickbox и HBO имаме популарни шоуа кои до сега се испуштаа (или пиратираа), па се поставува прашањето – колку од гледачите се подготвени да ја заменат традиционалната телевизија со video-on-demand кој може да се гледа на таблет компјутери и лаптопи? Дали сме навистина подготвени за интернет телевизија? Според Netflix, сме. Тие веќе стартуваа.

13 коментари на “Добредојде Netflix во Македонија

  1. Problemot e sto gi ima samo postarite epizodi na seriite i mnogu nedostasuvaat. Primer BLACKLIST ima samo edna sezona. Ako go vklucis preku USA proksi imas 2 sezoni… Samo eden primer od mnogu. Ali sepak e nekakov pocetok.

  2. Што е финтава со имињата на сериите? Braking Bad, Doctor House (ова некој mash up од MD House и Doctor Who?), Peaky Binders (во ова име дури и кирилични еа букви сте искористиле). Грешки од брзање или намерно?
    :D

  3. Велите дека е конкуренција со HBO на МaxTV, зошто HBO е за пола цена… ама да не заборавиме дека на тоа мора да се додаде и претплатата (склучениот договор) со T-Home, така да сепак би рекол дека Netflix е во голема предност :D Имам едно прашање само, доколку можете да ми одговорите.. Дали со 15 mbps интернет конекција (од телекабел..) би можело без проблем да се стримаат овие HD филмвои и серии од Netflix?

    1. Но за претплатите на макс ТВ добиваш и други канали, фиксен телефон, и интернет. HBO е дополнителен пакет по избор.
      И да, можеш да стримаш со тој интернет.

      1. Oк, фала на одговорот :) Е сега имам уште едно прашање, дали некој може да ми каже како можам да ја симнам апликацијата за Netflix на LG Smart TV (конкретен модел : LG 42LF5800) ? Самиот телевизор, истиот модел, на Амазон, покажува дека во себе ја има вклучено Netflix апликацијата како Premium. Ама.. тука кај нас, како премиум се наведени Pickbox i HBO GO. Па ако има некој што има LG и ја има симнато апликацијата, и веќе активирано Netflix, да ме упати некако? :D

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*