AdWords 101: Да ја разграничиме вистината од митовите

(Oва е гостински пост на Ева Пиперевска, маркетинг менаџер во G6 Solutions. Ева се реши да напише серијал на блог постови за Google AdWords на Medium. Ги реобјавуваме со нејзина дозвола)


Поради големиот интерес за минатата тема поврзана со митови за AdWords решив да ја продолжам темата со уште неколку гласини и факти.

Мит бр. 1: Ако создадам реклама во Google AdWords, тоа ќе влијае на позицијата на мојот веб сајт во резултатите од пребарувањето на Google.

Факт: Google AdWords и Google пребарувачот работат независно еден од друг. Без разлика колку и да истрошите за ракламирање во AdWords, тоа нема да влијае на рангот на вашиот веб сајт во резултатите од пребарувањето на Google. Поради истата причина, исклучувањето на рекламите во AdWords нема да доведе до исклучување на вашиот веб сајт или намалување на рангот кој го има вашиот веб сајт во резултатите од пребарувањето.

Доколку сакате да прочитате повеќе корисни информации за тоа што навистина може да влијае на рангот на вашиот сајт посетете го Google Webmaster Central.

Мит бр. 2: Google AdWords ми ја отфрли кредитна/дебитна картичка

Вистина: Google сам по себе нема да ви ја отфрли вашата кредитна картичка, ниту пак има интерес да го направи тоа. Отфрлањето на кредитните или дебитните картички обично може да биде направено од страна на банката или од страна на трети субјекти кои посредуваат во рамките на самиот процес на плаќање.

Доколку вашата картичка ви биде одбиена, првото што треба да направите е да проверите дали вашите продатоци се правилно воведени на страницата ‘Billing information’.

Најчестите грешки се:

  • Недостасува или погрешно воведен број на картичка или безбедносен код.
  • Недостасува или погрешно воведен датум на валидност на картичката.
  • Недостасува или погрешно воведена адреса/телефон за фактурирање.

Доколку сите овие податоци се воведени коректно, проверете дали имате било какви ограничувања на самата картичка. На пример: Кредитен лимит, максимална сума за трансакција, број на трансакции за даден период.

Во такви случаи се препорачува да ја контактирате банката која ви ја има издадено вашата картичка, за да ги тргне тие органичувања и слободно да може да плаќате реклами во AdWords.

*Информациите во овој пост се превземени од официјалниот блог на Google Adwords.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*